ЕВЕ поради што се мажите несигурни во кревет, според хороскопскиот знак!

Се потекнува од овде

Фото: Getty Images

Овен

Мажот Овен е оној кој сака да доминира во креветот, па ако не му се кажува дека е најдобар – може да полуди. Сака да слуша пофалби кои се гласни и директни.

Бик

Мажите Бикови се конкурентни исто како Овните, посебно кога големината е во прашање. Како резултат на тоа ќе ја споредуваат својата машкост со пријателите, ќе пребаруваат табели на просечна големина и што ли уште не…

Близнаци

Мажите Близнаци имаат голем страв дека жената на која ѝ пружаат задоволство нема да се забавува така како што тие замислувале. Глумењето во кревет може да ги порази.

Рак

Ако постои нешто што ги загрижува Раковите – тоа е техниката. Нивната анксиозност апсолутно може психички да ги уништи, па се плашат дека тешко повторно ќе се активираат.

Лав

Лавовите си имаат зацртано дека треба да изгледаат како во еротски филм и затоа секогаш ги загрижува изгледот. Ако сакате да го налутите Лавот, кажете му дека не изгледа привлечно.

Девица

Мажите Девици се „контрол фрикови“ во кревет, но понекогаш се плашат дека не се доволно доминантни. Се сомневаат во себе и се плашат од тоа дека нема да можат да го контролираат сопствениот сексуален живот.

Терезија

Ако постои една работа од која се плашат мажите Ваги – е да ја исмеете нивната машкост или сексуалност. Посебно ако тоа е зад грб, очекувајте никогаш повеќе да не ги видите.

Скорпија

Мажите Скорпии се прилично несигурни во текот на сексот, бидејќи се чувствуваат ранливо. Најмногу се плашат дека ќе откријат нежна страна која не сакаат сите да ја знаат.

Стрелец

Мажите Стрелци се одлични во кревет, но нивната несигурност настапува на сцена кога со сексот ќе почнат да се мешаат емоции. Не се сигурни дали можат долгорочно да ги задоволат желбите на другата страна.

Јарец

Јарците се многу нервозни околу тоа дали женската половина ќе го достигне врвот и прекумерниот труд понекогаш прави сексот да се претвори во обврска, а не уживање.

Водолија

Водолиите сакаат интимност, додека е во здрави размери и граници. Несигурноста доаѓа кога ќе почувствуваат гушење од партнерката. Во тие ситуации комплетно се избезумени, до степен што јасно одбиваат секс.

Риби

Ако постои еден знак кој има проблем со телото и проблем со сопствените вредности, тоа се Рибите. Им требаат многу пофалби за да си го подигнат егото.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.