Тренд што ги смирува и кожата и умот: Clean beauty – иднината на убавината е „чиста“!

Бидете единствени

Движењето „чиста убавина“ (clean beauty) и отфрлањето на сето она што ѝ наштетува на планетата доживеаја експанзија.

Не многу одамна, доколку посакавте „чист“ производ за нега на кожата, на полиците во локалната продавница за здрава храна можевте евентуално да најдете стаклени шишенца со лаванда, за која важи дека не ја иритира кожата.

Со текот на времето, славните личности, како Гвинет Палтроу и Џесика Алба, почнаа да ги бојкотираат хемиските состојки и да се залагаат за природни алтернативи. Овој тренд и понатаму е во пораст, а се очекува до 2027 година глобалниот пазар на „чиста“ нега да достигне вредност од 15,6 милијарди долари.

„Чисто“ значи употреба на природни или природно добиени состојки, формули без парабени и фталати, инсистирање на транспарентност при претставувањето на козметичките состојки, како и сигурни, одржливи и ефикасни производи за нега на кожата.

Тренд што ги смирува и кожата и умот

Чистата убавина носи благосостојба во индустријата на убавината“, вели Лорејн Далмеир, биолог и основач на онлајн-школата за органски козметички формулации „Формула ботаника“.

Луѓето веќе не размислуваат во насока да сакаат да купат куп синтетички хемикалии и да ги нанесат на кожата. Всушност, тежнеат кон чувството на смиреност во животот. А кога размислувате за составот на природните и органските производи, кога помислувате на природата – тоа ве смирува, нели? Сметам дека тоа е една од причините поради кои многумина бараат поприродни алтернативи.“

Постои практична причина за тоа“, додава д-р Шимелер Ганатизен, дерматолог и основач на ODE Dermatology во Мелбурн, која забележува дека 2-3% од популацијата имаат осетлива кожа.

Хемиските конзерванси, како парабени и фталати, може да резултираат со алергиски контактен дерматитис кај лицата со осетлива кожа. Многу од овие синтетички конзерванси ослободуваат формалдехид, кој, кога се впива, е отровен. За среќа, забележуваме напредок во технологијата на козметичката индустрија – спарување на природните состојки со молекули идентични на кожата и со состојки што може да уфрлат активни материи во одредени слоеви на кожата“, вели д-р Ганатизен.

Тоа е возбудлив нов свет, во кој брендовите се натпреваруваат во перформансите и во одржливоста, а кој ги вклучува и следните ставки на кои би требало да внимавате…

Просец што циркулира

Дали знаете дека секоја година се произведуваат повеќе од 120 милијарди пакувања за козметички производи, од кои повеќето завршуваат на депонија? Генерално, индустријата на убавината е една од најнееколошките светски индустрии.

За среќа, чистата убавина има моќ да го смени тоа, и тоа со кружен процес – амбалажа што ќе се рециклира и повторно ќе се полни, а потоа повторно ќе се рециклира. Освен пакувањата, тој процес подразбира и употреба на состојки од одржливи извори и процес на производство што не ја загрозува нашата планета.

Скинимализам

Дали се сеќавате дека порано рутината за нега на кожата подразбираше минимум 10 чекори? Веќе не е така. Луѓето претпочитаат помалку производи, а со тоа и помалку активни состојки, па посегнуваат по мултифункционални препарати (со повеќе намени).

Станува попопуларна и примената на производите „направи сама“. Зошто да не помешаме малку кисело млеко со куркума и да добиеме маска за осветлување на тенот или да нанесеме кокосово масло наместо хранлив лосион на телото?

Чисти формулации

Истражувањето на ботаничките состојки и природните хемикалии расте паралелно со експанзијата на движењето за „чиста“ нега. Пред една деценија ги немавме сите тие природни емулгатори и тензиди, конзерванси и стабилизатори, но сега можеме да го земеме кој било популарен козметички производ и повторно да го формулираме со природни состојки, што е одлично!

Магични средства

Извештајот Pinterest Predicts вели дека современиот мистицизам е еден од водечките трендови за благосостојба за 2021 година, а се манифестира и во светот на убавината.

Потрошувачите стануваат духовно поскладни, додека, пак, ритуалите за разубавување вклучуваат употреба на ајурведски масла и производи што ги слават фазите на Месечината и на другите планети, како што се серуми креирани за секој хороскопски знак одделно или масло за лице што содржи кристали за урамнотежување на енергетските полиња.

Чистата убавина ја претвора грижата за себе во љубов кон себе, со производите спарени со разни мантри и комплети за нега на кожата осмислени да понудат свесно искуство.

Експертите велат дека сето ова може да им помогне на луѓето да излезат накрај со стресот. На пример, едно истражување ја поврза медитацијата со побрз одговор во лекувањето хронични болести на кожата.

Козметика без вода

Проучете ја етикетата со состојките на стандардниот козметички производ и веројатно ќе наидете на вода. Иако е евтино полнило, потребни се многу конзерванси за да остане стабилна на „полиците“. Затоа козметичката индустријата се движи во насока на отстранување на водата од козметичките производи.

Одредени брендови користат технологија на сушење со замрзнување, за да создадат производи што може да се рехидрираат дома, а други се ориентираат кон билките, како што се алое вера или масло од јојоба, како замена за водата.

Секако, тоа не е идеално решение (водата се користи во одгледување на билките што се употребуваат и во производите без вода), но е еден од начините барем помалку да ѝ се наштетува на животната средина.

515: број на хемикалии што просечна жена секојдневно ги нанесува на кожата преку козметичките препарати!

Наш предлог:

1 Природни состојки и рециклирачко пакување – совршен и за еколошки освестените потрошувачи, Avon Cannabis Sativa Oil чистач за лице.

2. Без силикон, минерални масла, микропластика, парабен или PEG-врски: CLEAN ID Carrot Glow, Catrice Cosmetics, околу 390 ден.

3. 97% природно добиени состојки, вклучувајќи хијалуронска киселина и маноза (растителен шеќер), Vichy Aqualia Thermal Light Cream.

4. Чиста формула со GINZING™, Oil-Free Energy бустирачки гел-навлажнувач.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.