Дневен хороскоп за вторник, 11.01.2022: Лавот треба да биде трпелив, Терезијата ќе го подобри љубовниот живот, Рибите избрзуваат и прават непријатности…

Што велат ѕвездите?

Овен
Љубов:
Партнерот има нови забелешки на вашето однесување. Не го игнорирајте она што го слушате, размислете за вашите недостатоци.
Работа:
Важно е да ги контролирате вашите лоши навики, нема потреба да се истакнувате пред личност која користи различни деловни критериуми.
Здравје:
Избегнувајте стресни ситуации или луѓе кои ве иритираат.

Бик
Љубов:
Можно е партнерот да има повеќе проблеми отколку што мислите. Покажете емпатија и разбирање во секој поглед.
Работа:
Вие делувате како личност која ги става своите деловни и финансиски цели над интересите на мнозинството, поради што ве очекуваат разни коментари.
Здравје:
Потребна ви е добра нега и психолошка поддршка.

 

Близнаци
Љубов:
Бидете подискретни на состаноците и добро проценете ги вашите опции, пред да започнете „емотивна искра“. Потпрете се на претчувството.
Работа:
Чувствувате мала стагнација или потреба психички да се ослободите од насобраните обврски што ве заморуваат.
Здравје:
Обрнете внимание на поправилна исхрана.

Рак
Љубов:
Во средбата со саканата личност, се соочувате со проблем на недоразбирање за заедничките приоритети.
Работа:
Се грижите да изгледате убаво, духовито или шармантно пред вашата околина. Но, некој го карактеризира вашето однесување на погрешен начин.
Здравје:
Избегнувајте стресни ситуации што ве вознемируваат.

Лав
Љубов:
Нема причина да се истакнувате во друштво на некој близок. Работите ќе си дојдат на свое место, бидете трпеливи.
Работа:
Размислете за корекција на деловните правила, ви треба ново и поефикасно решение.
Здравје:
Обрнете внимание на поздрава исхрана, консумирајте повеќе витамини.

 

Девица
Љубов:
Имате добра волја и емотивна нота, а вашиот партнер има чувство на убавина и корисност. Брилијатно се надополнувате.
Работа:
Обрнете внимание на различните детали во преговорите, бидејќи работите што се важни често остануваат скриени меѓу редови.
Здравје:
Важно е да се помират мислите и чувствата.

Терезија
Љубов:
Изгледате вознемирено. Ви недостасуваат силни емотивни стимуланси за да го направите вашиот љубовен живот доволно интересен.
Работа:
Соработниците имаат добри предлози, прифаќаат нови идеи кои гарантираат подобри резултати или безбедност во заедничкото деловно работење.
Здравје:
Обрнете внимание на поправилен начин на исхрана, ќе ви годи полесна исхрана.

Скорпија
Љубов:
Имате впечаток дека неправедно страдате поради нечие однесување. Ви недостасува трпеливост во средбата со блиска личност.
Работа:
Деловните резултати не ги исполнуваат сите ваши очекувања, но соработниците не можат да се пофалат со подобар успех.
Здравје:
Обрнете внимание на некоја забавна содржина, опуштете се.

 

Стрелец
Љубов:
Јасно ви е дека не можете да добиете сè што емотивно посакувате, но сепак не знаете како да уживате во она што го имате.
Работа:
Имате можност да ги тестирате вашите интелектуални или практични способности, да сторите сé што е во ваша моќ да оставите добар впечаток.
Здравје:
Прекумерната вознемиреност лошо влијае на вашата концентрација.

Јарец
Љубов:
Залудно го криете своето незадоволство, вашите постапки кажуваат доволно за работи или луѓе што не ги сакате.
Работа:
Треба да се ослободите од разни притисоци, не дозволувајте некој професионално да ве уценува.
Здравје:
Обидете се да акумулирате позитивна енергија.

Водолија
Љубов:
Сакале или не, мора да се соочите со личноста која упорно ве прогонува и ве „обвинува“ за разни пропусти.
Работа:
Ваша предност е што соработниците немаат доволно знаење, искуство или храброст да ви се спротивстават.
Здравје:
Овозможете си посоодветна грижа и подобри услови.

 

Риби
Љубов:
Не правете работи што ја иритираат саканата личност. Склони сте на претерување и непотребно предизвикувате нечие незадоволство.
Работа:
Ако сте премногу преокупирани со големи амбиции, обрнете внимание на нечиј коментар за новите деловни можности.
Здравје:
Ќе ви годи некој вид спортска активност.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.