„Statement“ кармини: Големото враќање што сите го чекавме!

Не е важно дали сите сакаме боја на усните или само сакаме да го изразиме својот карактер преку прекрасни усни. Важно е само кармините да се вратат, подобри и поразновидни од кога било досега!

А тука се нијансите што мора да ги имате!

Чоколадно-кафена

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Malvina Isfan (@malvina_isfan)

Од облеката, преку додатоците, до шминката, чоколадно-кафените нијанси се многу популарни. Топлите тонови се идеални за претстојните есенски денови. Покрај тоа, изберете молив со потемна нијанса за целосен вау-ефект.

Модар патлиџан

Сино-виолетовите богати нијанси се вистински изјави за бои, па не е чудно што овие тонови стигнаа во светот на шминката. Дефинитивно ќе привлечете внимание со овие нијанси на усните.

Инспирирано од розите

Нежните тонови на црвените рози се дел од statement-движењето кога станува збор за кармините. А овие нијанси прилегаат речиси на секој тип кожа.

Неонски бои

Едноставно и софистицирано. Со овој кармин, остатокот од шминката би требало да биде минимален.

 

Портокалово-црвена

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leslie Dumeix (@lesliedumeix.mua)

Слободно може да се каже дека оваа боја им е апсолутен фаворит на мејкап-артистите оваа сезона.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.