Спасоносни капкички: Прочијате кои проблеми „бришат“ од лицето

Природните масла се стари колку и човековиот род, но поради нивните многубројни бенефити за убавината (чистат пори, ја затегаат кожата, отстрануваат брчки), тие се најголемо козметичко откритие на денешницата

Освен што ѝ го враќаат сјајот на кожата, одредени видови масла можат да решат разни проблеми.

Тропско чудо Многу врвни манекенки користат кокосово масло за нега на кожата на рацете и нозете, што дефинитивно го креира нивниот неодолив изглед на снимањата на модните едиторијали. Текстот продолжува по огласот…

Кокосовото масло е богато со масни киселини и е одлично хидратантно средство. Бидејќи спаѓа во категоријата на суви масла, кожата брзо го впива и омекнува – што креира младешка затегнатост и блескавост.

Елиминирање акни

Ако имате мрсна кожа, тогаш имаме добра причина да ве ослободиме од фобијата од масла: многу препарати против акни можат да ја исушат кожата со што сте спречува нивно навлегување во подлабоките слоеви на кожата. Спречете го тоа така што врз слој од препаратот за отстранување акни ќе нанесете тенок слој масло. Пробајте препарати што содржат антибактериско масло од рузмарин.

Фото: Pexels

Намалување црвенило и иритации

Осетлива кожа поднесува секакви видови масла, освен при појава на алергија на одредено масло. Исто така, некои масла, како ружиното – имаат антивоспалително дејство. Нивната примена го намалува црвенилото на лицето веќе по еден час од нанесувањето.

Ефект против стареење

Антиоксидансните масла, како што е маслото од калинка, сончоглед и од камелија, помагаат во заштита од УВ-оштетувања во иднина, кога се нанесуваат врз слој СПФ-препарат. Овие масла, со вит.Е, ги намалуваат брчките.

Хидратација

Се сеќавате дека кажавме дека маслото може дополнително да исуши сува кожа? Ако сакате максимална хидратација на кожата со секоја капка масло, тогаш употребувајте мешавина што содржи барем една омега-3 масна киселина: јојоба или арган.

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.