Марокански ефект во нега на КОСАТА… на 3 начина!

Еве како да го остварите

Сигурно користите некое масло (веројатно арганово) за нега на косата или познавате многу жени што редовно го употребуваат. Еве три начина да извлечете уште поголема полза од маслениот препарат, како и неколку совети да почнете да го користите (доколку сè уште се мислите)…

Регенератор што не се одмива (Текстот продолжува по огласот…)

Некои масла за коса содржат еден вид масло, други нивна мешавина. Под услов во составот на она што го користите да се наоѓа арганово, јојобино, сончогледово или маслиново масло, тоа ќе ја хидрира косата. За разлика од другите видови, овие масла навлегуваат во влакното и привремено го зајакнуваат. Втријте две капки по целата должина на косата додека е влажна, а потоа втријте уште една капка во сувите и испукани краеви.

За поголем сјај

Факт е дека секое масло ќе ѝ го врати сјајот на косата. Но постои едно што е посебно делотворно во создавање природен ефект – јојобино масло (содржи липиди што ги произведува кожата на главата). Дури и да не го користите редовно, тоа е составен дел на голем број серуми и силикони. Одредени силикони, посебно оние чие име почнува со „цикло“, со тек на време можат да ја исушат косата и да ја направат кршлива. Од друга страна, растителните масла не ја предизвикуваат оваа нуспојава, а ефектот на мека коса се задржува сè додека не ја измиете.

За заштита

Кога сте на одмор, задолжително втријте малку масло во косата пред да запливате. Сите видови масла создаваат бариера на површината на влакното, која го штити од дејството на морската сол или на хлорот. Аргановото и сончогледовото овозможуваат долготрајност на бојата за коса.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.