Еве како се приготвуваат највкусните шампињони: Здрав прилог за главното јадење!

Пробајте!

Доколку постите, вака приготвените шампињони можат да го заменат главниот оброк, само исфрлете го путерот

Состојки:
  • 500 г шампињони
  • 30 г путер
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 1 главица ситно сечкан кромид
  • 50 мл бело вино
  • 3 чешниња лук
  • 1 врзоп магдонос
Приготвување:

Измијте ги шампињоните и исцедете ги. Во тавче ставете путер и масло, а потоа и кромид. Кога ќе продинста кромидот, додајте ги шампињоните. Динстајте ги десетина минути, па додајте им бело вино. Кога виното ќе испари, додајте лук и магдонос, пржете уште неколку минути, па тргнете го прилогот од рингла и послужете го. Добар апетит!

Шампињони во бешамел сос: Неодоливо кремаво предјадење што ќе ве воодушеви од прво залче!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.