Нега за подмладување: Комбинација од највисок квалитет и цени пониски од конкуренцијата

„Колистар“

Компанија бр.1 во Италија, основана во 1983-та година во Милано. Производите што се дел од нејзиното портфолио се комбинација од највисок квалитет и цени пониски од конкуренцијата.

Креативноста на брендот Collistar е она што го двои од преостанатите. Производите се чисто италијански „специјалитети“. Овој метод на функционирање е заслужен за победата на Collistar над преостанатите конкурентни брендови. Денес Collistar е застапен во повеќе од 40 земји од Европа до Далечниот Исток, со истата формула на функционирање и непоколебливата популарност.

 

 

Sublime Black Precious Serum

Скапоцен серум со неверојатна црна конзистентност, кој е активатор на младоста. Дејствува со непосреден ефект на филер и ѝ дава на кожата спектакуларна светлина. Висока технолошка формула со специјални состојки за невидена ефикасност. Вистински еликсир на светлина и младост. Во својата формула содржи драгоцени состојки, кои имаат моќ да регенерираат, „поправаат“ и детоксицираат. Овој пенлив серум дејствува веднаш.

 

 

Sublime Black Precious Cream

Благороден крем со неверојатна црна конзистентност и боја што исчезнува во допир со кожата, и се претвора во активатор на блесок и подмладување. Моќен а во исто време и ултрабогат по текстура, овој крем го прави вашето лице посјајно, го коригира тенот, ја враќа виталноста на кожата. Неговите активни состојки обезбедуваат регенерација, детоксикација на лицето. Резултати: поеластична кожа, дефинирани контури на лице и врат, намалени брчки, младешки изглед на лицето.

Sublime Black Precious Mask

Револуционерна маска со црна конзистентност, чија цел е да го врати младешкиот изглед на лицето. Високо технолошката формула и скапоцените состојки во оваа маска имаат невиден ефект. Оваа сосема уникатна и незаменлива маска е направена со ексклузивна и ултратехнолошка формула за да може моќно да регенерира и детоксицира.

Прво, ја прочистува и ја детоксицира кожата, ги отстранува мртвите клетки и нечистотиите. Второ, лицето добива посјаен изглед, тенот е изедначен, а кожата ревитализирана.

Инфо: Парфимерии „Еликсир Ексклузив“

www.e-elixir.mk

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.