Летна нега на кожата: 8 чекори за мазна и здрава кожа

Летото се ближи, што значи дека е крајно време да ја смените и прилагодите вашата рутина за нега за да имате мазна и свилена кожа во жешките летни денови …

Прво на списокот на работи што треба да ги примените и промените во однос на режимот за зимска нега е:

Крема за сончање

– Пред да нанесете крема за сончање со заштитен фактор, ставете хидратантен лосион или кремаста подлога што обично се нанесува на телото пред кремот за сончање – сугерира дерматологот Тифани Либи. Нега за сончање, како што советува Тифани, треба да се нанесува на секои два часа. Може да биде крем, спреј, масло или прав, во зависност од тоа која формула најмногу ви одговара. Без оглед на формулата што ќе ја одберете, запомнете дека негата со заштитен фактор е потребна, дури и во облачен ден.

Не заборавајте да направите пилинг

Пилингот на кожата е клучен во текот на целата година, но според дерматологот Хедли Кинг, летото е одлично за отстранување на мртвата кожа. – Многумина избегнуваат пилинг во текот на зимските месеци, бидејќи тоа може да ја исуши кожата, но како што растат температурите и се зголемува влажноста, можеме полесно да толерираме киселини и посилни препарати на други активни состојки при ексфолијација – додава таа. Ако чувствувате дека вашата кожа е премногу мрсна во топлите временски месеци, Кинг препорачува ексфолијација со салицилна киселина, состојка растворлива во масло што може да навлезе во порите и да го отстрани вишокот на себум.

Користете лесни производи

На висока топлина, последното нешто што сакате да го почувствувате е густ крем или подлога што се топи на лицето. Либи предлага да се префрлите на навлажнувачки гел-крем или едноставно да се одлучите за серум со хијалуронска киселина за нанесување под вашиот заштитен фактор. Кинг се согласува и забележува дека во лето генерално не ни требаат тешки производи како во зима. Покрај тоа, полесните креми и производи подобро ќе одговараат на вашата кожа при високи температури.

Витамин Ц

Либи сугерира да додадете антиоксиданти, како што е витамин Ц, во вашата летна рутина. – УВ зраците предизвикуваат до 90% од фото-стареењето што се случува со нашата кожа, така што употребата на антиоксиданси додава уште еден слој на заштита и помага во спречување и лекување на несакана пигментација што се јавува во летните месеци – додава таа. За најдобри резултати, ставете производ со витамин Ц веднаш по чистењето на лицето – и можете да го користите дење и ноќе.

Прочитајте и: Совети за шминка што треба да ги следите за време на вежбање

Текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.