Како да му кажете на вашиот партнер што точно сакате од сексот?

Сексуалната едукаторка Џиџи Енгл дава совети како да го барате токму она што го сакате во кревет без да го повредите егото на вашиот партнер.

Пристапот е многу важен и може да се манифестира на повеќе начини како што се изговарање зборови како што се „Сакам да се чувствувам попосакувано од кога било“ и слични реченици. Верувајте ни, секси речениците отвораат широк спектар на вашите желби, и оваа стратегија ќе ве направи да се чувствувате поудобно, позабавно и поинтимно во кревет.

Кажете што сакате од сексот

Пристапот со кој ќе му кажете нешто на вашиот партнер е многу важен, бидејќи застрашувачките реченици како „ова не ти иде“ и слично не се многу пожелни. Многумина се срамат од изразување на сексуални желби, но ако врската е навистина искрена и реална и во рамките на договор и разбирање, не двоумете се да кажете гласно што точно сакате.
Некои мали патокази и упатства се секогаш добредојдени, вклучувајќи тактики што ќе ви покажат многу јасно што точно сакате.

Исто така, со тоа, дознавате повеќе за себе и ја истражувате својата сексуалност. Првенствено треба да се чувствувате добро во врска со вашите желби. Одговорете на прашања за себе, како на пример како сакате да се чувствувате за време на сексот и како вашиот партнер може да оствари некои од вашите желби.

Овој процес на размислување ќе ви ја отвори вратата сами да експериментирате, со што ќе му дадете увид на вашиот партнер во вашиот сексуален живот и љубопитност за тоа како тој ќе ве задоволи на начинот на кој сакате. Ова ќе предизвика нови возбудувања и можности за двајцата, а тоа е единствен метод за проширување на вашиот сексуален хоризонт.

Прашајте го вашиот партнер како се чувствува – отворениот разговор е најдобриот начин за подобра сексуална комуникација. Можеби е чудно на почетокот, но со текот на времето претворете го овој разговор во нешто трајно бидејќи ќе ви овозможи да му кажете на вашиот партнер без двоумење што точно сакате од сексот, вистински да го разберете вашето тело, да го отстраните срамот и да уживате во сексуалниот живот што го сакате (и заслужувате)!

Прочитајте и: Уште посилен оргазам: Има подобро место од „Г-точката“

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.