Како до совршената пудра за лице: Прво одредете го својот подтон, а еве и како

Корисни совети

Во потрага по идеална пудра, основната ставка е која нијанса да се избере според тонот на кожата.

А, за да ја одредите онаа која навистина ви одговара и не отстапува од тонот на кожата, многу е важно да го одредите нејзиниот подтон и постои многу лесен начин како да го направите тоа.

Прво, погледнете ги вените на зглобовите. Кои се доминантните бои?

  • Ако се сини или виолетови вашиот подтон е ладен (обично означен со C како cold)
  • Ако се зелени вашиот подтон е топол (обично означен со W или warm)
  • Ако се мешавина од бои вашиот подтон е неутрален (обично означен со N или neutral)

И сега пудрата…

Изберете две или три нијанси кои можат да бидат вистински кандидати. Нанесете ја секоја на брадата, а вистинската е онаа што ќе се вклопи во кожата и ќе изгледа како да ја нема. Сето ова, се разбира, на дневна светлина или покрај осветлен прозорец.

Прочитајте и: 3 најчести заблуди за нега на кожата што треба да ги заборавите

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.