Изобличена од ботокс, побарала спас во специјалната природна нега: Јавноста е шокирана!

Што и’ се случило на Никол Кидман?

На многумина веројатно нема да им се допадне методот што го користи славната актерка

Холивудската актерка Никол Кидман (52) последниве години е предмет за критика поради лицето што потполно и’ се изобличило по користењето ботокс.

„Пробав ботокс, но не ми се допадна како ми изгледаше лицето по третманот. Сега веќе не го користам и повторно можам да го движам челото“, се пошегувала актерката која конечно се одлучила за природна нега на кожата.

Но на многумина веројатно нема да им се допадне методот што го користи Никол, иако таа тврди дека навистина делува.

„Слушна дека инјекциите со свинска маст се користат за пополнување на кожата, но сепак не сакаше да ги проба. Затоа, нејзиниот советник и’ препорача пилешка маст, која се прави од органски одгледани кокошни, кои умреле од природна смрт. Потоа, таа маст се меша со кокосово масло, лимонов сок, вински оцет и екстракт од бадем пред да се стави на лице, а потоа се држи така околу еден час, два пати неделно“, открил извор близок на актерката.

Никол и самата проговорила за ботоксот и признала дека го користела, но сепак тврди дека не подлегнала на пластични операции, иако многумина не и’ веруваат.

„Вака не изгледа жена од 52 години. Изгледа како некој да ја испеглал“, коментирале бројните фанови, додека многумина се згрозиле од методот што Никол сега го користи за подмладување.

ФОТО: EPA / Claudio Onorati

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.