Жестока драма пред средбата на Меган Маркл и Бијонсе: Детали што камерите не можеле да ги забележат

Зад сцената било напнато

Ваквото однесување кон членовите на кралското семејство се смета за непочитување

Музичкото и вистинското кралско семејство се запознале на премиерата на филмот „Кралот лав“ во Лондон, но инсајдери тврдат дека на средбата на Бијонсе и Џеј Зи со Меган Маркл и Принц Хари не било се’ совршено.

Додека пред камерите се прегрнувале и бакнувале, зад сцената владееле тензија. Советниците на Хари и Меган не биле воопшто воодушевени од однесувањето на пејачката и нејзиниот сопруг.

Имено, најмоќниот пар во шоубизнисот на премиерата дошол после Меган и Хари, што е забрането. Извор открил и дека доцнеле бидејќи имале проблем со златниот фустан, со кој Бијонсе ја засенила и самата војвотка.

https://www.instagram.com/p/Bz-BW3uHhKA/?utm_source=ig_embed

Наводно, пејачката почнала да се подготвува за премиерата уште во 14 часот во хотелот. Кога конечно дошло време за да го облече фустанот, нејзиниот тим забележал дека е скинат. Бијонсе не сакала да се откаже од секси креацијата, па чекала во хотелот да дојде кројачка, која го поправила фустанот.

Поради тоа, Бијонсе и Џеј Зи доцнеле на премиерата дури 90 минути.

Иако Меган и Хари им го опростиле тоа, нивните советници не биле воодушевени.

„Ве сакаме, луѓе“, им рекла Бијонсе додека ја прегрнувала Меган, нарекувајќи ја принцеза.

ФОТО: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.