Ако еден месец јадете по 2 банани дневно, ќе ви се случат овие 6 неверојатни работи!

Пробајте!

Ако јадењето по две банани дневно ви стане рутина во период од еден месец, вашето тело ќе ви биде засекогаш благодарно

Бананите се богати со витамини и минерал и нудат бројни придобивки за здравјето. Нутриционистите тврдат дека ако само еден месец јадете по две банани дневно, ќе му направите голема услуга на вашиот организам и здравствена состојба.

1. Подобро расположение

Ова жолто овошје ја содржи состојката триптофан, вид протеин што телото го претвора во серотонин, познат како хормон за среќа. Благодарение на него, тој побрзо продира до мозокот и нашето расположение се подобрува, односно стануваме посреќни.

Во бананите има многу триптофан, па затоа кога ќе се почувствувате лошо или ќе ви се причини дека сте на раб на депресија, навалете на ова овошје. Покрај тоа, серотонинот дејствува смирувачки и го подобрува сонот.

2. Забрзана дигестија

Ова овошје е одличен извор на влакна, поради што ги регулира сите проблеми со цревата. Доколку изедете една банана пред оброк, нема да имате проблеми со надуеноста. Тоа е така затоа што, иако многумина мислат поинаку, бананите не се виновни за запекот. Напротив, го регулираат и забрзуваат дигестивниот систем.

3. Регулиран притисок и здраво срце

Содржат многу малку натриум, но полни се со калиум, што е одлично за регулирање на крвниот притисок и здравјето на срцето. Научниците тврдат дека секојдневното консумирање банани може да го намали ризикот од срцев удар за дури 40%.

4. Полнат со енергија

Кога се чувствувате снеможено и исцрпено, слободно навалете на банани. Поради влакната што ги содржат, ќе ви ја дадат потребната енергија. За тоа доволно зборува фактот што спортистите редовно консумираат банани за да остваруваат подобри резултати. Имено, магнезиумот што се наоѓа во ова овошје е одличен за раст на мускулите.

5. Лек за киселините

Бананите се добар извор на антициди, кои се заслужни за лекувањето на непријатните киселини. Покрај тоа, доколку на вашиот организам му недостига железо, бананите можат да ви помогнат. Материите од бананите ги стимулираат црвените крвни зрнца и производството на хемоглобин, па затоа значајно им помагаат на анемичните поединци.

6. Подобро помнење и концентрација

Студентите што јадат банана за појадок, ужина и по ручекот имаат значително повисоко ниво на концентрација, тврдат научниците. Тоа е така затоа што калиумот од бананите ја поттикнува работата на мозокот, го олеснува учењето и помнењето.

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.