Изгледот на усните по вадењето на силиконите ќе ве згрози: Многу жени признаваат дека се каат што некогаш ги ставиле!

Што им прави силиконот на усните?

Силиконите во усните можат да предизвикаат бројни компликации што ја нарушуваат природната убавина, но можат да доведат и до сериозни здравствени проблеми

Во денешно време, голем број дами, дури и помладите, посетуваат пластични хирурзи поради разни зафати, но зголемувањето на усните е најчестата интервенција што ја бараат и тој тренд трае повеќе од две децении. Со оглед на тоа што естетските корекции станаа лесно достапни, се чини дека припадничките на поубавиот пол се обидуваат да си ја зголемат самодовербата со промена на изгледот.

Меѓутоа, неретко работите можат да тргнат наопаку, особено кај жените што ги зголемувале усните со вештачки материјали, како што е силиконот биополимер.

Најчестите компликации:
  • оток
  • неприродна тврдост на усните, како последица на стврднувањето на синтетичкиот материјал
  • асиметрија
  • деформитети
  • појава на гранули (грутки), како последица на природната одбранбена реакција
  • инфекции


Од таа причина, сè повеќе жени одлучуваат да се ослободат од имплантите и да си го вратат природниот изглед, нагласувајќи дека никогаш повеќе не би направиле такво нешто на своето лице.

Оние што веќе поминале низ процесот на вадење силикони од усните признаваат дека операцијата е многу болна и посакуваат никогаш да не морале да ја направат.

Секако, најважна е убавината што ја носиме во себе, а токму таа се пренесува и на надворешниот изглед. Силиконите во усните многу често ја уништуваат природноста и автентичноста.

На оваа тема постои една фраза што секоја дама би требало добро да ја запомни:

„Вредноста на убавината лежи во бесконечната разновидност на формите во кои се појавува. Во тоа се крие и нејзината облагородувачка снага и најголема драж.“

Кралица на силиконите: Лицето ѝ се распаѓа од операциите, а од природната убавина нема останато ни трага
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.