Денес завршува ретроградниот Марс што предизвика големи проблеми: Овие 4 хороскопски знаци конечно можат да здивнат!

Тешките денови се зад нас

Дознајте дали и вашиот знак ќе здивне по ретроградниот Марс

Со завршувањето на ретроградниот Марс во четврток 12 јануари, конечно ќе се разбудиме од летаргијата. Насекаде ќе се почувствува прилив на позитивна енергија и мотивација, а работите ќе почнат да се поместуваат од мртва точка. Иако сите ќе имаат корист од тоа, овие 4 знака ќе почувствуваат најголемо олеснување…

Близнаци

Со оглед на тоа што се одвиваше во вашиот знак, ретроградниот Марс имаше најголемо влијание врз вас. Последниве неколку месеци за вас беа фрустрирачки и чувствувавте дека не можете да одморите. Тоа можеби довело до нервоза, песимизам и конфликти. Од денес па натаму подобро ќе ја контролирате вашата енергија. Ќе најдете инспирација и ќе почнете да го остварувате она што го сакате. Ве очекуваат нови почетоци.

Стрелец

Ретроградниот Марс влијаеше врз вашите врски и односи со околината. Веројатно сте имале многу несогласувања. Луѓето многу барале од вас, а некои односи можеби и се распаднале. Во наредниот период повторно ќе воспоставите рамнотежа во интимните односи. Ќе се фокусирате на луѓето кои го заслужуваат вашето внимание, а ќе се оддалечите од оние што имаат негативно влијание врз вас.

Риби

Ретроградниот Марс разбуди многу емоции кај вас. Веројатно ви недостасувала поддршка од блиските луѓе. Можеби дома или во семејството се појавиле проблеми што прилично ве измориле. Сега конечно ќе добиете потпора што може да ви помогне да се чувствувате доволно сигурно и самоуверено за да започнете нови потфати.

Девица

Напорните месеци се зад вас. Многумина од вас се чувствуваа како да не успеваат да ги остварат целите и се соочуваа со неуспеси и доцнење. Можеби дошло до пораст на одговорностите, па сте биле преоптоварени или под стрес. Директниот Марс ви носи олеснување и ќе ви помогне појасно да ја видите насоката во која се движите, како и да си поставите нови долгорочни цели.

Кинескиот хороскоп открива дека 4 знаци ги очекува голема среќа во 2023: Сè ќе им оди од рака, особено во љубовта!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.