Ако мажот престане да се дружи со пријателите кога ќе наполни 50 години, тоа може да значи само едно нешто – обрнете внимание!

Се согласувате со оваа теорија?

Зошто социјалниот живот не ни е интересен по 50-тата година? Научниците имаат интересно објаснување

Уште од градинка градиме пријателства, им се насмевнуваме и ги поздравуваме соседите, се дружиме со роднините, со кумовите, но таму некаде околу 40-тите и 50-тите години, полека почнуваме да намалуваме со комуникацијата…

Ги одбиваме пијачките со пријателите во петок навечер. Викендите ги поминуваме дома со децата, наместо да одиме на кошарка со другарите од детство.

Зошто сè повеќе се затвораме во својот свет?

Психолозите велат: луѓето на село се многу посреќни од оние што живеат во урбаните средини. А тоа е така затоа што имаат помалку контакти. Изгледа дека луѓето кои имаат помалку, но поискрени пријателства, се посреќни.

Ова е сосема разбирливо: примитивните луѓе се чувствувале безбедно само во блискиот круг на соплеменици, биле исплашени поради дивите животни. Па затоа, се труделе да не бидат исфрлени од племето. Но денес зависиме самите од себе.

Сега самите сме одговорни за својата безбедност и за основните потреби, но несвесното ја презема контролата. Ако се случи нешто – луѓето ќе помогнат, нема да ве остават во неволја.

Остануваме во контакт, љубезни сме со соседите, ги каниме роднините на гости за празниците, одиме и кај нив на визита за возврат. И дури по 40-тата година можеме без страв да ја одбиеме бескорисната комуникација. Престануваме да го гледаме човекот како заштитник или спасител.

Експертите дошле до интересен заклучок: колку што е поголема интелигенцијата на човекот, толку помалку зависи од надворешните врски.

Прво, колку што е човекот попаметен, толку му е потешко да најде соговорници што би му парирале.

Второ, колку што е човекот попаметен, толку побогат и покомплициран е неговиот внатрешен свет. Самотијата смирува и ги доведува мислите во ред, а луѓето, имињата, разговорите, озборувањата заморуваат и нервираат.

Дали се согласувате со оваа теорија?

Овие 5 типа луѓе ќе ве предадат додека да трепнете: Се кријат зад маската на пријатели, но не ви мислат ништо добро!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.