5 работи поради кои кујната изгледа валкано: Домаќинките обично забораваат на нив

Поради нив изгледа многу неуредно

Кујната обично е огледало на домаќинката

Многу луѓе велат дека кујната е огледало на домаќинката, бидејќи честопати се забележува хигиената во овој дел од домот. Жените обично поминуваат повеќе време во неа и се трудат да обезбедат вкусни оброци за семејството, па поради тоа честопати забораваат да исчистат некои работи. А токму тие придонесуваат за тоа кујната да изгледа многу неуредно.

Ова се петте знаци на валкана кујна…

1. Затрупана работна површина

Кога приготвуваме храна, од  шкафчето вадиме зачини, садови, прибор за јадење и друго. А понекогаш немаме доволно време или сме премногу мрзеливи за да вратиме сè на своето место и да ги измиеме садовите. Во меѓувреме, хаосот станува поголем, бидејќи секогаш ставаме уште по некоја шолја или чинија на работната маса, а резултатот е исклучително неуредна кујна.

2. Валкани рабови меѓу плочките

Овој дел помеѓу плочките секогаш е проблем. Тешко е да се исчистат, а масните дамки се веднаш видливи. Посебно паѓаат в очи насобраните нечистотии зад шпоретот, па затоа многу е важно редовно да ги чистите фугите. Со малку труд, просторот во којшто поминувате најмногу време ќе заблеска.

3. Валкан аспиратор

Готвачите во рестораните и кафулињата задолжително ги чистат темелно еднаш неделно. Но домаќинките често забораваат на оние во нивната кујна, а аспираторот и тоа како акумулира маснотии и прашина.

4. Штици за сечкање

Секој вид на производ би требало да има своја штица. Би требало да ги менувате најмалку еднаш на шест месеци, бидејќи гребнатинките акумулираат бактерии и нечистотии.

5. Валкани штекери

Луѓето ретко ги гледаат, но штекерите во кујната брзо се валкаат, бидејќи често ги допираме со нечисти раце додека готвиме, кога треба да вклучиме или исклучиме некој апарат. Ако сакате вашата кујна да изгледа чисто и уредно, мора да обрнете внимание и на овој детаљ.

Како да го исчистите шпоретот без премногу мака: Ви треба само едно нешто што сигурно го имате во кујна
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.