Грешки во рутината за нега на кожата што може да резултираат во зголемени пори

Обрнете внимание

Една од најголемите кожни проблеми кај сите девојки, а особено оние со масна кожа, се зголемени пори. И покрај производите што ветуваат дека ќе ги стеснат и подлогите за течна пудра кои тврдат дека ги „замаглуваат“, тие се уште се таму, видливи.

Она што е важно да се знае е дека самите производи не можат да влијаат на нашата големина на порите, ако направиме некои работи што ги прават поголеми и видливи.

Овие се основните грешки во рутината за нега на кожата кои влијаат на зголемување на порите:

Непрофесионално ги стискате митесерите 

Ако имате проблеми со митесери, последното нешто што треба да направите е стискање на сила. Покрај тоа што никогаш не ја завршувате работата до крај, ќе го отворите патот за нечистотија да влезе во порите, да се зарази и да создадете уште поголеми митесери или мозолчиња што ќе остават зголемена пора наместо лузна. Доколку сакате да се ослободите од митесерите и мозолчињата, ве советуваме да го препуштите тоа на дерматолозите или на многу професионалните козметичари.

Претерувате со пилинзите

Преголемата употреба на механички лпилинг го уништува заштитниот слој на вашата кожа и, за да се заштити од себе, таа произведува големи количини на себум што предизвикува мрсна кожа и зголемени пори. Механичкиот пилинг не се препорачува повеќе од еднаш неделно, и наместо тоа, понекогаш може длабоко да го исчистите лицето со хемиски пилинг.

Не користите крема за лице

Некои девојки и жени сметаат дека бидејќи имаат мрсна кожа, не треба да користат крема. Тоа е целосно неточно. Со тоа што не користите крема за лице, вашата кожа произведува зголемени количини на себум затоа што не ја добива потребната хидратација.

Не користете тоник

Тоникот е исто така многу важен производ што треба да го користите секојдневно. Неговата улога е да ја регулира секрецијата на себум, да ја исчисти кожата и да им овозможи на хранливите материи од маслата и кремите што ги нанесувате на лицето да навлезат длабоко во вашата кожа.

Користите комедогени производи

Исклучително е важно да се користат производи кои јасно потенцираат дека тие се не-комогени, односно дека не ги затнуваат порите. Маслата обично ги затнуваат порите, па затоа внимавајте кои масла ги користите кога станува збор за нега на лицето.

Внесувате големи количини шеќер во организмот

Рафинираниот шеќер е една од главните причини за запушени и зголемени пори. Обидете се да го контролирате внесот на нездрави шеќери и да ги замените со здрави шеќери како оние од овошјето. Покрај шеќерот, треба да се држите подалеку од алкохолот затоа што тој е одговорен за дехидрирање на кожата која почнува да лачи прекумерни количини на себум за хидратација.

Нанесувате дополнителна шминка во текот на денот 

Лицето ви се масти и решивте да нанесете уште повеќе тврда пудра на Т-зоната? Во тој момент, создавате вистински рај за бактерии на лицето и четката со која нанесувавте пудра. Ако ви треба матирање на лицето, користете хартии наменети за таа намена, кои можат да се купат во сите аптеки.

Прочитајте и: Митови и вистини за убавината: Сè што сакавте да знаете за серумите за лице

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.