Компир манџа на старински начин: Кога телото бара здрава храна!

Одличен ручек

Време е да се вратиме на готвењето традиционални оброци

Состојки:
  • 500 г свинско месо
  • 2-3 црвени свежи пиперки
  • 3 компири
  • 1 главица кромид
  • 1 млад лук
  • 2 моркови
  • 1 пашканат
  • 1 домат
  • масло
  • 1 рамна лажица брашно
  • 1,5-2 л вода

Зачини: сув зачин, сол, бибер, слатка и лута зачинска пиперка, лук во гранули, лавров лист

Приготвување:

На масло пропржете го кромидот, морковот, пашканатот и младиот лук. Потоа, додајте го месото, зачинете го по вкус, прелејте sildenafilo 50 го со 50 мл вода, поклопете го тенџерето и оставете го да се готви околу 15 минути, на умерена температура. Потоа, додајте ја свежата црвена пиперка, компирот и доматот. Сето тоа убаво зачинете го, прелејте го со 1,5 л вода и оставете го да се готви 45 минути.

За крај, направете бела запршка, од вода и брашно, додајте ја во манџата и оставете ја да зоврие пет минути и јадењето е готово. Посипете со сечкан свеж магдонос.

Густа супа од сладок компир за 4 лица
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.