Еве што се крие под шминката: Вака изгледа Селма Хаек без ронка шминка!

Сосема природно

Навикнати сме да ја гледаме во гламурозни тоалети и со беспрекорна шминка, но еве како изгледа кога не шета на црвениот тепих

Актерката на својот инстаграм-профил објавила неколку фотографии без шминка на која сончевата светлина јасно и го осветлува лицето. Сите нејзини следбеници се сложиле со едно нешто: таа изгледа одлично!

Селма напишала:

„Сакам да си играм со светлината. Ако ја запознаете, може да изгледате помладо, мистериозно, секси или слатко, но бидете внимателни, бидејќи исто така може да изгледате и старо и грдо.“

https://www.instagram.com/p/B1b6jzzJV6t/?utm_source=ig_embed

Иако наполнила 52 години, таа изгледа фантастично, а на нејзиното лице не се забележува ниту една брчка. Таа изгледа барем една деценија помладо, а нејзиниот ритуал за нега е многу едноставен. Во едно интервју открила по кои правила се води кога е во прашање негата на лицата.

Можеби ќе ви изгледа чудно, но таа никогаш не го чисти лицето наутро. Тајната на прекрасната кожа на Селма не е во претерувањето.

„Никогаш не ја чистам кожата наутро со сапун и вода. Баба ми ме научи дека прекуноќ кожата ги надоместува сите работи што сте ги изгубиле во текот на денот“, открила Селма.

https://www.instagram.com/p/B03xuPZJg0p/?utm_source=ig_embed

Тоник од ружина вода

Таа нанесува ружина вода на лицето најмалку два пати дневно. Наутро пред да нанесе хидратантен крем и навечер, откако ќе ја извади шминката со кокосово масло.

Таа е љубител на маските за лице

Често користи маски за лице за да ја хидрира и освежи кожата, но многу често ги прави и сама. Омилена и’ е маската со овесни снегулки. Ги меша со малку вода или млеко и мед. Така направената смеса ја нанесува на лицето и чека неколку минути.

Изгледа дека патот до блескавиот тен е многу едноставен.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.