14 детали што го издвојуваат шик изгледот од вулгарниот: Секоја жена треба да го знае ова!

Суптилни разлики

Трендот е последната станица пред кичот, говорел познатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд

Во светот на модата која постојано се менува, клучно е да го пронајдете вашиот впечатлив и единствен стил, а да не изгледате кичесто и дегутантно.

Ова може да биде исклучително тешка задача, бидејќи многу опции се достапни и изборот е огромен. Но ако ги следите овие правила, „префинета дама со стил“ ќе биде првото нешто што ќе си го помисли секој што ќе ве здголеда…

1. Внимателно со покажувањето кожа

https://www.instagram.com/p/B1btJynogdU/?utm_source=ig_embed

За да бидете сексапилни и привлечни, не мора да бидете речиси голи. Покажете еден дел од телото, но покријте го остатокот. На пример, со длабок шлиц на фустанот, не оди и длабоко деколте и целосно откриен грб.

2. Најдобар начин на носење кошула

https://www.instagram.com/p/BzQCt1Cgc1_/?utm_source=ig_embed

Кошулата вовлечена во фармерки или здолниште никогаш нема да излезе од мода. Со овој трик облеката изгледа подобро, а вашето тело ќе добие поубава форма. Оставете ги кратките кошули и голите стомаци за тинејџерките.

3. Еден впечатлив детаљ

https://www.instagram.com/p/B1NYO2cDXzz/?utm_source=ig_embed

Точно е дека деталите можат да го подигнат целиот изглед на повисоко ниво, но не треба да претерувате. Доволно е со модна комбинација на неутрални бои да понесете впечатлива чанта. И секако, нема потреба да ја спарувате со впечатлив накит во иста боја. Не заборавајте дека помалку е повеќе.

4. Одбирајте ги панталоните според висината на потпетиците

https://www.instagram.com/p/BzyfUDclXTq/?utm_source=ig_embed

Ако потпетиците се премногу ниски за предолгите панталони, ќе изгледате смешно, а ногавиците ќе ви се извалкаат веднаш што излезете на улица. Веруваме дека никој не сака да биде смешен и валкан, па внимавајте на должината на ногавиците кога купувате панталони, но и на висината на потпетиците. Идеалната должина на панталони е 1-2 сантиметри од подот (кога ќе обуете чевли).

5. Елегантна чантичка со долг синџир за вечерно излегување

https://www.instagram.com/p/B0I0FAQBDoA/?utm_source=ig_embed

Како ќе изгледате (и како ќе се чувствувате) ако цела вечер мора да држите голема рачна чанта? За вечерните излегувања, дамите одбираат чанта што ги собира само неопходните работи, и тоа не рачна, туку со долг синџир, што можат да го префрлат преку рамо и да ги ослободат рацете.

6. Почитувајте ја вашата градба

https://www.instagram.com/p/B1PHOSthyJ4/?utm_source=ig_embed

Ниедна жена не треба да го купува она што е во мода, туку она што добро и’ стои. На пример, ако сте ниски и со ситна градба, не треба да ги носите популарните предимензионирани модели, бидејќи ќе ве проголтаат. Ако имате облини и вишок на стомакот, најдобро ви стојат А-кроеви.

7. Внимателно со ѓерданите

https://www.instagram.com/p/B1Zer2VnlxV/?utm_source=ig_embed

Во мода е да се носат неколку слоевити ѓердани, но со ова мора да бидете внимателни. Гледајте ѓерданите да бидат од ист материјал, но да се разликуваат по нешто друго за да добиете контраст. Најважно е да не претерате и на крајот да изгледате како кукла за редење блескав накит.

Продолжете на следната страница за останатите модни правила за префинет изглед…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.