Ефикасно отстранување на подочниците: Направете маска од кафе и кокосово масло за блескави резултати

Нега на кожа

Темните кругови околу очите можат значително да се намалат.

Подочниците се генерално резултат на слабата хидратација и недоволна количина на сон, затоа водете сметка за количината на течности кои ги внесувате и внимавајте секоја вечер да спиете минимум 7 часа.

Според тоа, можете да си направите маска за ублажување на проблемите со темните кругови околу очите. Ви треба малку време и две состојки од кујната.

Измешајте малку кафе и неколку капки кокосово масло. Добиената смеса ја нанесувате со прстите на подочнаците околу очите. Поминете со нежни движења. Оставете да делува 10 до 15 минути, односно додека не се исуши. Потоа измијте ја маската или тргнете со туфер.

После тоа нанесете хидратантен крем. Целата постапка ја повторувате неколку пати неделно за да ги забележите разултатите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.