Ниту една црта на лицето не ѝ е на место: Важеше за една од најубавите жени, а сега е непрепознатлива

Шоу-бизнис

Вечно младиот изглед на Стефни е предмет на многу шпекулации во текот на годините.

„Дали е тоа навистина таа?“, стои во коментарот под снимката на гостувањето на Гвен Стефани во емисијата на Сет Мејерс.

Популарната пејачка која може да се пофали со 30 години долгата успешна кариера, предизвика бројни реакции со својата појава во емисијата во која е најмногу зборувана, односно ТВ натреварувањето The Voice. Но, судејќи по коментарите на Интернет, гледачите сакаа да зборува за својата неверојатна трансформација.

Буквално е непрепознатлива, гласеше еден од најпопуларните коментари заизгледот на 52-годишната пејачка.

Сега изгледа потполно поинаку, пишува во коментарот подолу.

Јас сум нејзин обожавател цел живот и не ја препознав. Толку сум збунет, додаде еден од фановите.

Никогаш не би погодил дека е Гвен Стефани доколку не ја потпишеа, стои во коментарите.

Вечно младиот изглед на Стефани е предмет на многу претпоставки во текот на годините, но ѕвездата никогаш не зборувала јавно за естетските зафати. Кога во 2016 година гостуваше во познатата рубрика Carpool Karaoke, водителот Џејмс Корден ја праша како е можно да „старее наназад“, но таа тоа го препиша на својата врска со сегашниот сопруг Блејк Шелтон.

Да потсетиме, Стефани е пејачка на поп-бендот No doubt, код кој во деведесеттите еволуираше во икона на популарната култура која во 2004 година започна соло кариера и на крајот отпочна сопствена линија на мода и шминка.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.