Едноставната рутина за нега на кожата за која се познати француските жени има само 4 чекори

Едноставни навики за беспрекорен изглед

Квалитетната рутина на француските жени, кои покрај стилот, имаат и елегантен ритуал за убавина, вклучува само неколку основни чекори, како што се чистење, хидратација и задолжителен заштитен фактор.

„Ние сакаме едноставност, затоа се придржуваме до нашите омилени производи со години, ние сме верни на основите што ни одговараат“, коментира д-р Марин Винсент, основач на Француската аптека.

Квалитетната рутина на Французинките, вклучува 4 фази: чистење, хидратација, крема со заштитен фактор и – малку црвен кармин.

Нивната рутина отсекогаш била минималистичка, бидејќи здравата кожа е основа на каков било изглед, но главното правило е дека никогаш не изгледа претерано.

„Ретко овде ќе видите вештачки трепки и вештачки нокти. Ги прифаќаме нашите недостатоци и несовршености, тоа е она што нè прави посебни“, коментира докторката, која и самата е Французинка. Тие ретко излегуваат на сонце, и ако го сторат тоа, задолжителна е крема со заштитен фактор на кожата и секогаш ја отстрануваат шминката навечер.

„Повеќето од омилените брендови во Франција се формулирани од лекари или фармацевти, така што не е ни чудо што некои производи секогаш се популарни кај нас“, открива д-р Винсент.

Прочитајте и: 4 најчести грешки при хидрирање на кожата

 

ФОТО: Unsplash

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време