Едноставен трик со чија помош ќе имате погусти и подолги трепки!

Трик што вреди злато

За помалку од еден месец, ќе имате многу поубави и подолги трепки

Сите жени сакаат долги и густи трепки, без да нанесуваат маскара. Најдовме неколку природни решенија кои ќе ви го обезбедат овој ефект…

Маслиново масло или вазелин

Еден од најефикасните трикови за забрзување на растот и подобрувањето на квалитетот на трепките е да нанесете маслиново масло или вазелин на нив и да ги оставите така прекуноќ. Измијте ги дури наутро.

Витамин Е

Витаминот Е е уште една состојка позната по своите својства за брз раст на трепките. Нанесете масло со витамин Е на трепките и тоа два пати дневно со помош на памучен туфер. Се советува да нанесете малку наутро, пред шминкање и уште еднаш навечер по отстранувањето на шминката.

Рицинусово масло

Добро измешајте супена лажица рицинусово масло и супена лажица екстракт од ванила, па нанесете го на трепките со чиста четкичка од маскара.

Испробајте го секој од овие трикови за да видите кој најмногу ви одговара. Резултатите сигурно нема да изостанат, но потребно е трпение и упорност.

Третман за совршени трепки: Погусти, потемни и повиткани
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.