Бакни ме!: Инвестиција што секоја жена ќе ја направи среќна и убава

Формула за долготрајност

Интензивни бои, луксузен дизајн – а потоа тоа прекрасно чувство при негово нанесување… Само во Европа годишно се продаваат над 36 милиони кармини

Уште кога Клеопатра ги намачка усните со темноцрвена боја за да го заведе Цезар, карминот стана ултимативно средство за инстант-гламур. Мејкап-трендовите се менуваа, но тоа кутивче со волшебна кремава или течна текстура беше и остана најдобра женска пријателка.

Вешто нанесен кармин со соодветна боја претставува сигурна карта за успех во заведувањето, го креира вашиот препознатлив имиџ и ви влева самодоверба. Затоа не експериментирајте премногу – вашиот тен, форма на усни и гардероба нека бидат главна насока за избор на вистинската боја.

На кого што му одговара?

На црвенокосите девојки најдобро им прилега црвен кармин со син или портокалов отсјај.

Наш предлог: GOSH Velvet Touch Lipstick in Flirty Orange

Темните кармини се за жени со полни усни, но внимавајте, може да ве направат да изгледате постари.

Наш предлог: AURA Double color lipstick COLOR KARMA 600

Розовиот кармин ќе придонесе забите да ви изгледаат побели, додека портокаловиот има спротивен ефект. Ако имате тенки усни, користете пастелни нијанси.

Наш предлог: Avon True Color Nourishing Lipstick

Врз карминот во боја на кожата, т.н. нијанса „nude“, најдобро е да нанесете сјај за пополни усни.

Наш предлог: DEBORAH MILANO – FLUID VELVET MATTE LIPSTICK

Светол тен, црна коса, црвени усни – вака Дита фон Тиз го истакна својот стајлинг во стилот на Снежана.

Наш предлог: Oriflame Giordani Gold Jewel Lipstick (Eternal Red)

Стилистот на Скарлет Јохансон применува мал трик: ако усните се бледи, треба да се истакнат образите.

Наш предлог: MAX FACTOR COLOUR ELIXIR LIPSTICK

Формула за долготрајност

Издвојте повеќе време за нанесување кармин и тој ќе ви трае подолго. Прво нанесете подлога на усните. Потоа намачкајте ги со пудра, па со моливче поцртајте ги контурите на усните. Потоа нанесете кармин. На усните потпрете хартиено марамче, а потоа повторно нанесете пудра, па кармин. Така карминот подолго ќе се задржи на усните.

Изеди ме!

Жените што редовно се шминкаат годишно јадат по еден кармин. Но без грижа, тоа е безопасно, бидејќи денес се прават од масло, восок и пигмент, а не како порано од алабастер или од гипс. Ако карминот содржи повеќе восок – подолго трае. Ако е кремав и светкав значи дека содржи повеќе масло. Сјајот, на пример, содржи 90% масло.

Мејкап-статистика

22 кармини во светот се продаваат во секунда.

280 пати може да се користи еден кармин. За време на секоја употреба се нанесуваат околу 8,4 мг.

44.000 евра чини најскапиот кармин во светот, а тоа е Guerlain Kiss Kiss Or & Diamond. Рачно изработеното кутивче од 18-каратно злато, накитено со 199 дијаманти, се разбира дека има и соодветна цена.

 

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.