Акни на зрели години: 5 неочекувани причини од кои треба да се чувате

Акните најчесто се појавуваат за време на пубертетот, иако е можно да се појават во подоцнежните фази од животот, а можат да бидат предизвикани од стрес, несоодветна исхрана, но и хормонална нерамнотежа …

Искуството покажува дека акните – според статистичките податоци – се јавуваат кај повеќе од 85% од луѓето во одреден период од животот. Всушност, 50% од 20-годишниците, 30% од 30-годишниците и 25% од 40-годишниците се соочуваат со овој проблем. Но, многумина не се ни свесни од каде доаѓа „опасноста“ или кои се неочекуваните причини за појава на акни.

Отстранување на влакна

Понекогаш несоодветната техника на отстранување на влакна предизвикува појава на акни. На пример, дермапланингот (третман за пилинг направен со брич) е одличен начин за отстранување на малите и меки влакна на лицето. Меѓутоа, ако вашата кожа е мрсна, или имате акутни акни на лицето, оваа постапка може да предизвика прекумерно производство на себум и дополнителна иритација, а со тоа и појава на уште повеќе акни. Во тој случај, подобра опција е ласерското отстранување на влакна.

Мобилен телефон

Кога последен пат го исчистивте екранот на вашиот мобилен телефон? Судејќи според резултатите од истражувањето, концентрација на бактерии која може да се најде на мобилен телефон дури десет пати поголема отколку на тоалетната школка. Значи, секогаш кога ќе го ставите телефонот до уво, во основа ја изложувате кожата на штетните ефекти на бактериите од вашиот телефон. И, исто така, може да биде предизвикувач на акни.

Валкана навлака за перница

Едно прашање: колку често ја менувате навлаката за перници? Имајте на ум дека бактериите можат да се соберат и во материјали, па затоа е најдобро тоа да се прави еднаш неделно. Всушност, обидете се да го направите навика!

Производи за коса

Одредени супстанции во составот на овие препарати се одлични за косата. Но, во исто време, тие можат да ја нарушат природната рамнотежа во кожата долж линијата на раст на косата, како и на вратот, рамената и грбот. Побарајте производи за нега и стилизирање на косата со материјали што се исклучително нежни за кожата.

Квалитет на спиење

Симптомите на одредени кожни состојби, како што се егзема, се влошуваат ако ви се наруши сонот. Истото важи и за акните. Бидете сигурни дека ноќниот сон трае од седум до девет часа, како што препорачуваат експертите.

Прочитајте и: Дали знаете колку долго и како правилно да го исчистите лицето?

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.