Кревањето тегови има здравствени придобивки

Вклучете тренинг за снагата во вашата фитнес-рутина.

Во прилог на обезбедување на добро чувство, тренингот за снагата и кревањето тежина може да ве заштитат од одредени болести и здравствени проблеми како што стареете. Тоа ќе го подобри вашето ментално здравје и ќе го зајакне метаболизмот.

Теговите како реквизит за вежбање дефинитивно треба да бидат дел од вашата рутина за фитнес, заедно со урамнотежена исхрана.

Тренинг за сната и кревање тежина

Овој вид тренинг има одредени здравствени придобивки како што се:

– Го намалува ризикот од развој на дијабетес тип II. Ако нивото на гликоза во крвта остане без надзор и стане превисоко, тоа може да има сериозни последици како мозочен удар, оштетување на нервите, слепило.
– Истражувањето на Универзитетот во Ајова покажа дека кревањето тегови помалку од еден час неделно може да го намали ризикот од срцев или мозочен удар до 70 проценти.
– Кревањето тегови е многу корисно за луѓето со артритис – на страницата „Акција за артритис“ тие истакнуваат дека е потребно редовно вежбање затоа што помага во зајакнување на мускулите кои ги штитат и поддржуваат зглобовите. Колку сте помалку активни, толку ослабуваат вашите мускули, стануваат помалку стабилни зглобовите и ова предизвикува болка при движење.
– Тегови ќе помогнат да се намали ризикот од остеопороза и да се подобри силата, рамнотежата и држењето на телото.
– NHS препорачува сите возрасни над 35-годишна возраст да работат на зајакнување на мускулите најмалку два дена во неделата.
– Кревањето на тежината може да ги избалансира хормоналните проблеми како што е синдромот на полицистични јајници, со кој се борат многу жени. Постојат студии кои покажаа дека тренингот за сила е еден од начините на кои можете да го балансирате хормоналното здравје.

Тренингот за сила ќе направи многу добро за вашето ментално здравје – ќе се чувствувате физички посилни и ќе имате поголема самодоверба.

Погледнете видео кое носи вежби со употреба на тегови за почетници и започнете денес!

Прочитајте и: Креативни начини за вежбање на отворено

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.