7 фатални грешки во шминкањето – поради ова изгледате евтино

Дами, внимавајте

Претерување со количината и бојата е на самиот трон меѓу катастрофите на шминкањето.

Шминкањето е секојдневна рутина на најголемиот број жени, понекогаш оружје за заведување, а понекогаш начин за подигнување на самодовербата… Ако им верувате на студиите, просечната жена поминува 335 часови годишно грижејќи се за својот изглед. Со обѕир на тоа колку време (и пари) трошиме на шминката, не можеме да дозволиме резултатот да не биде совршен!

Затоа ви претставуваме седум најчести грешки во шминкањето поради кои не изгледате убаво, туку евтино

Подлога

Ако не изберете добра течна пудра или прајмер, односно ако не одговара на вашиот тен и вашиот тип на кожа, ќе се истакне секоја линија на вашето лице, дури и оние кои се скоро невидливи, и ќе изгледате дури десет години постаро.

Исто така, не дозволувајте бојата на подлогата да се разликува од вашиот тен повеќе од една нијанса – ќе се види разлика помеѓу лицето и вратот, лицето и рацете, лицето и ушите… Пребарувајте се додека не ја пронајдете совршената подлога.

Руменило

Малку боја на образите ќе даде свежина на вашето лице и веднаш ќе ве подмлади и разубави. Но, само ако го изберете правилното.

Запамтете, на бледо лице никогаш не одговараат златни нијанси на руменило, туку исклучиво розеви, како што на темен тен не одговара розево, туку златно.

Сјај и светки

Овој преубав но ризичен детаљ заслужува посебно внимание. Премногу сјај или светки на погрешно место може да ве направат да изгледате многу постаро. Ако не можете да им одолеете на светките, нека бидат во неутрални нијанси во комбинација со нежна нијанса на сјај за усни.

Веѓи

Веќе подолго време во тренд се „дебели” веѓи, но неверојатно лесно е да се згреши при исцртувањето на веѓите, односно одбирање боја и обликување, што, за жал, често имаме прилика да го видиме.

Пред сè, не секому му одговараат веѓи „под ист калап”. Дебелината прилагодете ја според обликот на вашето лице, а бојата според тенот, очите и косата.

Маскара и моливче за очи

Моливчето за очи не смее да биде премногу „меко”, бидејќи ќе изгледате како да ви се растопила шминката. Исто така, премногу движења со маскарата ќе направат вашите трепки да се залепат, што ќе направи да изгледате како да сте спиеле со шминка на лицето.

Што посветол ви е тенот, маскарата треба да ви биде понежна и „неприметлива” – тоа изгледа многу поубаво и природно!

Моливче за усни

Важи истото правило како и за моливчето за очи – моливчето мора да биде квалитетно и тоа не смее да се размачкува, бидејќи совршениот облик на усните ќе го имате многу кратко. После првата голтка, веднаш штом ќе запалите цигара или ќе се затопли просторот во кој се наоѓате, лошото и меко моливче за усни ќе почне да се растекува и да го губи обликот.

Најнови трендови

Кога во модата се впечатливи, но ризични трендовите во шминката, како што моментално се тиркизните нијанси на сенка за очи, морате да бидете внимателни, ако не сакате да изгледате евтино. Во овој случај важи старата модна изрека: „Помалку е повеќе”.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.