Понуда од кралицата што Меган и Хари нема да можат да ја одбијат

Елизабета Втора знае како да ги натера да се вратат во Британија

По повод одржувањето на Денот на Комонвелтот на 9-ти март годинава, принцот Хари и Меган Маркл добија покана од кралицата Елизабета Втора да дојдат во Велика Британија, пренесуваат светските медиуми.

Фото: Guliver/Getty Images

Имено, на тој ден се собираат сите членови на кралското семејство, а главниот збор го има токму поглаварката на англиската црква, односно кралицата Елизабета.

Изгледа дека на 9 март јавноста конечно би можела да ја види „избеганата кралска двојка“, која пред 2 месеци ја шокира јавноста со својата одлука дека се повлекува од кралските должности и се сели во Ванкувер, Канада, пренесува „Тпортал“.

За Елизабета и нејзиното семејство 9 март е многу важен датум, затоа многумина се убедени дека ова барање Хари и Меган нема да можат да го одбијат, па ќе го прекршат „мегзитот“ и ќе се вратат дома.

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.