Тврд орев: Свекрвата не сака Бред Пит да се смири со Анџелина Џоли

Никогаш нема да ѝ прости

Џејн Пит, мајка на славниот холивудски актер Бред Пит, не ја поднесувала воопшто Анџелина Џоли и апсолутно му е најголемата поддршка на својот син по бурниот развод.

Џејн е тврд орев и никогаш нема да ѝ прости на Анџелина за сето тоа низ што помина нејзиното семејство, посебно поради фактот што послабо ги гледа децата откако Бред и таа објавија дека се разведуваат“, изјавил изворот.

Џејн Ета Пит (80) ја обвинува Анџелина дека манипулира со нејзиниот син и не му дозволува почесто да ги гледа децата.

Бред ја преколнуваше својата мајка повеќе пати да не се соочува со Анџелина, но таа сака да ја погледне во очите и да ѝ одржи лекција. Таа ја обвинува што го уништи животот на нејзиниот син и сака да добие некои одговори“, објаснува изворот.

Бред за разводот со Анџелина мораше да потроши 100 милиони долари, што на неговата мајка исто така многу ѝ пречело.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.