Сонцето заоѓа за Елтон Џон: Легендарниот пејач го одржа последниот концерт во Велика Британија! (ВИДЕО)

Пензија...

Славниот Елтон Џон настапи во Гластонбери, последна станица во Британија од прошталната светска турнеја.

76-годишната легенда ги почести своите фанови со мајсторија во пеење и сценска умешност, со листа на песни што никогаш не престанаа да даваат класични поп-моменти, пишува Марк Севиџ од Би-би-си во својата колумна.

Многу сум среќен што сум тука,“, ѝ рече тој на публиката. „Ова никогаш нема да го заборавам“.

Елтон излета на сцената непосредно по 21 часот со Pinball Wizard – како што вети, песна што ја немал свирено повеќе од една деценија – по што следуваше The Bitch Is Back.

Потоа застана за да здивне пред огромната публика, која според процените надмина 120.000 луѓе. Ги испружи рацете во знак на благодарност и извика: „Никогаш не мислев дека ќе свирам на ‘Гластонбери’ – и еве ме“.

„Ова е многу посебна и емотивна ноќ за мене бидејќи можеби е мојот последен настап во Англија, во Велика Британија“.

„Подобро да свирам добро и подобро да ве забавувам затоа што стоите таму толку долго“, додаде тој.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.