6 неверојатни промени што ќе ви се случат кога ќе престанете да се шминкате!

Прочитајте!

Дознајте колкава услуга ќе си направите ако заборавите на шминката

За да постигнат совршен изглед, жените честопати посегнуваат по шминка и ги покриваат ситните несовршености со дебели слоеви пудра.

Но постојаното шминкање може да ѝ наштети на вашата кожа. Од друга страна, доколку престанете со шминкање, можете да го подобрите и менталното здравје.

Научниците во соработка со компанијата Kanebo Cosmetics спровеле истражување и заклучиле дека жената пред шминкањето има чувство дека ќе си стави лице на друга личност и ќе се чувствува како да има ново лице.

Па ова се придобивките што можете да ги забележите доколку престанете да се шминкате…

Кожата ќе ви биде поздрава и поубава

Состојките што се содржат во некои производи за шминкање се виновни за тоа што кожата ви станала сува и почнала да се лупи.

Ќе изгледате помладо

Доколку престанете да се шминкате, ќе изгледате помладо без многу труд. Понекогаш ќе се чувствувате како тинејџерки. Имено, некои истражувања покажуваат дека шминката ги прави жените на средни години помлади, додека на помладите им додава години.

Ќе бидете природни

Кога има високи температури или едноставно сте премногу активни во текот на денот, логично е повеќе да се потите, па ако лицето ви е целосно покриено со шминка тешко дека ќе се задржи цел ден на вашето лице. Ќе си олесните и ќе ѝ направите голема услуга на вашата кожа ако престанете да се шминкате, а ќе имате и поприроден изглед.

Луѓето повеќе ќе ви веруваат

Многу луѓе поинаку ќе ве гледаат за разлика од тоа кога имате шминка. Некои истражувања покажале дека луѓето помалку им веруваат на нашминканите жени.

Поголема самодоверба

Психолозите веруваат дека шминката не е волшебно апче за подигнување самодоверба. Жените не се чувствуваат подобро поради шминката, туку затоа што мислат дека се поубави во очите на другите. Иако црвениот кармин може да ја подигне самодовербата, сепак, не функционира на подолги патеки.

Ќе заштедите пари

Без разлика дали користите скапи или евтини производи, шминката ќе ви ги затне порите, а тоа ќе ви направи проблеми со кожата и ќе мора да одите на дерматолог. Кога на вашето лице има минимална шминка, на кожата нема да ѝ требаат толку третмани, а најчесто ќе ви биде доволно само вода и средство за чистење на лицето.

2 целосно природни и ефективни средства за чистење на лицето кои ја отстрануваат дури и најтврдокорната шминка
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.