Три маски за брз раст на косата кои ги користеле нашите баби: Состојките се природни, ги имате дома

Нега на коса

Стари и едноставни рецепти за побујна и подолга коса која побрзо ќе ви расте.

Доколку сакате вашата коса да биде долга, густа и бујна, да изгледа секогаш негувано, можете да ги пробате рецептите кои ги користеле нашите баби. Тие не содржат хемикалии, се направени од состојки кои веќе ги имате по дома и се нанесуваат како маски и лосиони. Исто така, тие не содржат скапи состојки, а се препорачува да ги користите барем еднаш неделно.

Ова се рецепти со кромид, мед и јогурт за побрз раст на косата:

Рецепт со кромид: Излупете две главици кромид, исечкајте ги и ставете ги во блендер. Добиената смеса процедете ја преку газа и втријте ја течноста на корените на косата – внимателно измасирајте го целиот скалп. Оставете да делува околу 15 минути, а потоа измијте со вообичаениот шампон. За да го отстраните мирисот на кромидот, можете да ја измиете косата со шампон двапати, а на врвовите да додадете регенератор.

Мед за раст на косата: Измешајте 2 лажици мед со 1 лажица маслиново масло и малку млеко. Добро измешајте сè за да се соедини, а потоа нанесете ја смесата со четка за фарбање. Оставете го да делува околу 30 минути и потоа исплакнете го. Антиоксидансите, витамините и минералите од медот ќе ја нахранат вашата коса и ќе го поттикнат растот.

Маска од јогурт: Го балансира нивото на pH на скалпот и го регулира производството на себум. Измешајте 250 мл јогурт со едно изматено јајце или една испасирана банана. Соединете, нанесете на косата и оставете да отстои околу половина час. Исплакнете и по првата употреба вашата коса може да блесне со посебен сјај.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.