Третман кој може да поттикне раст на вашата коса: Направете си пилинг по дома

Нега на коса

На опаѓањето коса може да влијаат многу фактори-хормонски промени, стрес, лекови…

Она што можете да направите е да ја збогатите вашата исхрана со овошје и зеленчук, кои се ризница на витамини и минерали. Користете што поблаг шампон за миење на косата, а се препорачува да направите и нежен пилинг на скалпот. На овој начин се отстрануваат мртвите клетки, се зајакнува коренот и се стимулира растот на косата. Доволно е да го практикувате еднаш неделно.

Пилинг од глина и сол

Состојки:

2 лажици аптекарска глина

2 лажици топла вода

1 лажица морска сол

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки за да направите паста. Втријте нежно во коренот на косата со кружни и нежни движења. Оставете да делува 10 минути, па темелно исплакнете ја и потоа исмијте ја со шампон.

Лековитите билки се делотворни кога станува збор за опаѓање на косата. Особено се издвојува чајот од камилица, ловоровиот лист и копривата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.