Дневен хороскоп за СРЕДА (27 јули 2022)

Астро-прогноза

Прочитајте каков ден ве очекува!

Овен

  1. 3 – 20. 4.

Еланот во емотивните врски интензивно се чувствува, а емоциите уште повеќе ќе се разгорат на заедничко патување. Смената на раководителот ќе предизвика нервоза во фирмата. Консумирајте повеќе витамини.

Бик

  1. 4 – 20. 5.

Слободните би требало повеќе да се ангажираат во љубовта, а зафатените премногу очекуваат. Неисполнетите ветувања на надредените ќе предизвикаат револт. Кон крајот на денот ќе добиете убави вести. Респираторни проблеми.

Близнаци

  1. 5 – 21. 6.

Не дозволувајте неосновано сомнение да биде иницијатор за судир со партнерот. Ако сте слободни, уживајте во флертувањето. Следете ја сопствената интуиција – таа ќе ве доведе до деловната цел. Низок притисок.

Рак

  1. 6 – 22. 7.

Слободните Ракови ќе запознаат голем романтик, а зафатените ќе уживаат во миговите поминати со партнерот. Бидете внимателни кога станува збор за трачеви – некои од нив можат да ви ја загрозат кариерата. Во добра кондиција сте.

Фото: Getty Images

Лав

  1. 7 – 23. 8.

По нестабилниот период, состојбата во вашата врска се стабилизира. Многу добро координирате со своите активности на работа и правите сè да се растоварите, бидејќи одамна посакувате да заминете на одмор. Проверете го притисокот.

Девица

  1. 8 – 23. 9.

Вашето добро расположение ќе повлијае на комуникацијата со партнерот и ќе доведе до подобрување на врската. Помалку ќе бидете расположени за работа, но финансиите значително ќе ви се подобрат. Опаѓање на енергијата.

Терезија

  1. 9 – 23. 10.

Партнерот авторитативно ви се поставува, па судирите се неизбежни. Некои припадници на овој знак ќе добијат понуда за промена на работата, која нема да можете лесно да ја одбиете. Важно е добро да размислите. Внимавајте што јадете.

Скорпија

  1. 10 – 22. 11.

Слободните Скорпии неочекувано ќе пронајдат вистинска љубов, додека зафатените складно ќе функционираат во врската. Ќе бидете растргнати меѓу личните амбиции, кои не спласнуваат, и желбата за одмор, кој ви е неопходен. Ревматски тегоби.

Стрелец

  1. 11 – 21. 12.

Недоразбирањата во емотивната врска се со минлив карактер. Доколку сè уште трагате по вработување, во овој период ќе успеете да најдете работа во согласност со своите афинитети. Можни се главоболки.

Јарец

  1. 12 – 20. 1.

Слободните се опкружени со додворувачи, но многу се неодлучни, додека во врските состојбата е идилична. Нервозата на работното место нема да ви даде мир сè до средина на денот. Посетете го стоматологот.

Водолија

  1. 1 – 19. 2.

Не дозволувајте им на деловните околности да влијаат на вашиот љубовен живот. Одвојте време за уживање и за забава со партнерот. Цел ден ќе ви помине во трка со времето за да ги реализирате сите проекти. Губење на апетитот.

Риби

  1. 2 – 20. 3.

Партнерот ви е максимално посветен и очекува да му возвратите со иста мера. Ќе бидете во голема деловна дилема, но важно е самостојно да ја решите. Имајте на ум дека ризични потези би можеле да ви се исплатат. Нервоза.

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.