Со помош на овој тест откријте како би ви стоела кратка коса

Испробајте!

Промената на фризурата е забавна, но ако никогаш не сте се виделе со кратка коса, можеби се прашувате како би ви стоела.

Се разбира, има многу апликации кои ќе ви помогнат да го визуализирате ова, но некои тврдат дека постои уште полесен начин без употреба на технологија, а тоа е правилото од 2,25 инчи (5,17 см).

Ова мерење е откриено од експерт за коса Џон Фрид, кој ги проучувал лицата и открил дека аголот на коската на вилицата одредува дали некој ќе изгледа подобро со кратка или долга коса.

https://www.facebook.com/findingyourstylewithginnie/photos/a.657418807700530/2310157675759960/?type=3

Ќе ви требаат огледало, молив и линијар. За да се тестирате, застанете пред огледалото за да можете да ја видите страната на лицето, а моливот држете го хоризонтално под брадата. Линијарот нека ви биде под увото. Измерете го растојанието од увото до моливот. Ако е помало од 2,25 инчи (5,17 см), кратката коса треба да изгледа одлично на вас. Останатите едноставно треба да носат подолги фризури.

Фрид вели дека има исклучоци, но и дека тестот е прилично точен.

Прочитајте и: Водечки тренд сезонава: Секоја жена со стил ќе ја носи оваа фризура во текот на летото!

 

ФОТО: Unsplash

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.