Ретроспектива на фризурите на познатите дами (ФОТО)

Сумиравме некои од најголемите трансформации на познатите минатата година. Нека ве инспирираат!

Познатите личности се дефинитивно камелеони кога станува збор за фризурите. Било да ги менуваат поради нов албум или филмска улога, заради следење на актуелните трендови или од која било друга причина – трансформациите на познатите како да се случуваат од минута во минута.

Одлучивме да ги заокружиме најхрабрите и најдобрите фризури, бои и стилови.

Можеби и вас ќе ве поттикнат на промена.

„Сребрена лисица“

Интернет практично „експлодира“ по претставувањето на новите сребрени прамени на Меган Фокс. Би рекле дека не станува збор за перика. Но, кој би знаел?! Сепак, едно е сигурно – смелоста на овој подвиг навистина не може да се оспори.

Тап боб

Во текот на целата година, Селена Гомез си поигруваше со косата.

Во април ги трансформира своите темни прамени во крем-сина нијанса. Во јули им се врати на своите бринета-корени, по кои (во октомври) се определи за тап боб. Значи, тука немаше простор за монотонија!

Ледена доба

Пепелаво-сина + платинести прамени… Оваа комбинација е многу ефектна, нели! Погледнете ја само Клои Кардашијан, која ѝ се врати на пепелавата нијанса, со примеси на платинести прамени. Нам ни се допаѓа!

Враќање кон црните основи

Кејти Пери позира на црвениот килим со својата легендарна долга црна коса – како повторно да го живее тинејџерскиот сон. Дали станува збор за привремена боја или за перика? Па, сè е можно. Дали должината е лажна, формирана со помош на надградба? Веројатно. А дали ќе уживаме во овој потсетник на 2010-та? Апсолутно!

Целосен пресврт

Во нашите глави, косата на Ема Стоун секогаш ќе биде шик боб, па дали можете да го замислите нашето изненадување кога на премиерата на филмот „Злобница“ се појави со долга грива?! Во ред, можеби не ја очекувавме оваа трансформација, но не можеме да кажеме дека не ни се допаѓа.

Црвена епизода

Трансформацијата на Џиџи Хадид во црвена нијанса беше потег што, веруваме, поттикна многумина да ја сменат својата фризура. Нејзината ретрофризура, која ја избра за „Мет-гала“, и XXL-волуменот – нè вратија во 1980-тите и донесоа гламурозен призвук. Сè на сè, одлична идеја за секоја свечена пригода!

Текст: Драгица Бркљач

Фото: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.