Откриена е тајната за блескава коса: Професионалните фризери споделуваат 5 совети со вас

Нега на коса

Нема да потрошите многу пари, а вашата коса ќе ви изгледа совршено.

Доколку сакате вашата коса да изгледа како после да сте биле на посета кај професионален фризер, следете ги следниве совети. Тие се од голема важност и доаѓаат директно од професионалците.

Мијте ја косата со млака вода

Температурата на водата е многу важна. Веројатно ја миете косата со топла или жешка вода која всушност никако не е добра за кожата на главата. Млаката вода убаво ќе го измие шампонот и нема да ја иритира, туку чувствително ќе ја поддржи кожата на главата.

Од типот на косата зависи колку често трева да ја миете

Ако имате тенко влакно, морате да ја миете косата секој или секој друг ден, додека девојките со густа коса можат да си дозволат да ја перат косата два пати неделно. Доколку имате тенко влакно, наместо да ја миете косата со шампон, измијте ја со балсам за да го спречите природното мастење на косата.

Количината на шампонот е многу важна

Освен тоа што ќе заштедите пари, ќе го зачувате и природниот сјај на вашата коса. Драги дами, за да ја измиете косата доволно ви е да нанесете само малку од шампонот на глава. Тоа што ви е цела глава во пена не значи дека добро ќе ја измиете. Морате добро ја измиете, бидејќи честичките од шампонот можат да предизвикаат појава на првут или алергија.

Менување на шампонот

Барем еднаш месечно пробајте нов шампон, бидејќи после некое време заштитата на косата од истиот шампон ќе престане да делува.

Наместо балсам користете маска за коса

Маската за коса содржи повеќе хранливи состојки и посебно и одговараат на фарбената коса, така што слободно понекогаш заменете го својот регенератор со некој од хранливите маски за вашиот тип на коса.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.