Познатиот премиер ја прослави венчавката со 24 години помладата сопруга: На влезот гостите биле пречекани со сено и бел шатор!

Погледнете

Необична церемонија по повод венчавката на Борис Џонсон и неговата 24 години помлада сопруга, Кери Симондс

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеничка Кери Симондс се венчаа минатата година, на тајна церемонија во Вестминстерската катедрала во Лондон.

Поради целата ситуација со актуелниот вирус, на церемонијата присуствувале мал број луѓе.

„Дејли Мејл“ пренесува дека двојката вчера ја прославила венчавката и дека невестата носела венчаница што ја дизајнирала Савана Милер, а чие изнајмување преку веб-сајтот чини само 25 фунти, што е околу 1500 денари.

Според неофицијални извори, Кери била задолжена за организацијата на свадбата и сакала гостите да уживаат.

Денес ретко може да се види ваква свадба. Прославата била организирана на голем ранч, во бел шатор, додека наместо столчиња имало буриња.

На влезот гостите биле пречекани со сено. Имено, бали сено биле распоредени насекаде околу шаторот, па на тој начин бил скриен целиот настан.

Ова сликовито место е богато со бројни пејзажи, вклучувајќи и овоштарник во форма на срце, како и внимателно негувани градини.

Многу политички службеници биле поканети да присуствуваат вечерта. Австралиската пејачка Холи Валанс и нејзиниот сопруг исто така биле видени како пристигнуваат на церемонијата.

На првата венчавка минатата година, Кери носела малку поскапа венчаница, која ја изнајмила за околу 3.500 денари.

Борис Џонсон зад себе веќе има два брака, а Кери е 24 години помлада од него.

3 скандала што ја обележија венчавката на Борис Џонсон (56): Целиот свет зборува за ова!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.