Незаменлив природен начин на извлекување прамени: Осветлете ја косата во два едноставни чекори, без хемии и фризери!

Евтино а ефектно

Ако сакате да ја осветлите косата на органски и природен начин, без хемикалии – лимоновиот сок е совршениот избор

Користењето лимонов сок за бојосување на косата со текот на времето може да ја осветли вашата нијанса, но и да остави ефект на „сонце во косата“, односно прекрасни исончани прамени.

Трикот со лимонот за природно бојосување на косата е стар и го користеле и во минатото, а понекогаш ефектот на осветлување може да трае со месеци.

Постојат разни препарат за избелување коса, како и фарби, но ако барате органски и природен начин, без хемикалии – лимоновиот сок е совршениот избор.

Освен што може да ја осветли косата, лимонот е полн со антиоксиданси и витамин Ц, кои можат да ги нахранат влакната. Еве како да го испробате овој трик!

Сипете лимонов сок во шишенце со распрскувач, па испрскајте го обилно на косата. Користете чешел за рамномерно да го распоредите сокот низ косата и раздвојте ја косата со патец на средината. Оставете го да отстои околу еден час и седете на сонце додека сокот се исуши на косата. Потоа, измијте ја косата на вообичаениот начин и ставете хранлива маска.

За да го добиете посакуваниот резултат, ќе мора да го повторите овој ритуал за убавина неколку пати.

Напомена: Доколку имате осетлива кожа и коса, посоветувајте се со експерт пред природното бојосување.

3 најпопуларни бои за коса оваа сезона
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.