3 најпопуларни бои за коса оваа сезона

Еве што препорачуваат стилистите за коса ова лето кога станува збор за боите на косата!

Како и секоја сезона, и ова лето ни носи новини кога станува збор за боите на косата. Доколку сте решиле да го освежите вашиот изглед со нова фризура или планирате целосно да ја смените бојата на косата, вие сте на вистинското место.

Подолу ви ги претставуваме најпопуларните бои за коса за оваа летна сезона.

Бои за коса за лето 2021 година 

„Рамка“ околу лицето

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tauni dawson (@taunidawson)

Ако им се верува на стилисти за коса, врамувањето на лицето со нежни руси прамени е одличен начин да станете русокоси без да станете русокоси. На овој начин, златните тонови создаваат и впечаток на природен волумен на косата.

Медните нијанси ѝ даваат димензија, обем на косата и се идеални за дами кои имаат природна кафеава коса и не сакаат да ја обојат целосно.

Бакнеж од сонцето

За време на карантин, сите научивме да прифаќаме природна боја на коса во коренот. Сега, помалку е повеќе. Фокусирајте се на тоа да не ги обоите прамените во коренот, за да добиете ефект како да сте биле на летување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leyna Bloom (@leynabloom)

Топлите посветли нијанси ќе ѝ го дадат овој таканаречен ефект „бакнеж на сонцето“ на вашата коса, особено ако сте бринета.

Морски“ светла

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nine Zero One (@ninezeroone)

Овој изглед изгледа свеж и сончев и е совршен за русокосите кои долго време не ја бојадисувале косата. На овој начин ќе добиете поприроден изглед, насочувајќи се на посветла боја на краевите, а коренот треба да биде за нијанса потемен, така што ќе се вклопи во светлосните тонови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Hong (@vanessahong)

На платинестите русокоси им се препорачува да остават мал раст оваа сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hannah Hubley (@hannahslifeinhair)

Платинската боја одговара на секој тип коса, дури и виткана.

Прочитајте и: Ненадминат тренд за коса: Како ќе носиме боб-фризура ова лето

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.