Кралицата Летиција прошетала во најубавата летна комбинација: Црвената дефинитивно е нејзина боја!

Одличен стајлинг!

Секоја жена треба да има ваков фустан

На церемонијата одржана во чест на полициските службеници, кралицата Летиција се појавила во најубавиот стајлинг што сме го виделе некогаш. Оваа комбинација навистина е летна и совршено ги нагласува најубавите делови на телото.

Освен кројот, кој е полн погодок, Летиција одбрала и одлична боја – црвената совршено ѝ стои.

Овој модел на фустан е одличен од повеќе причини:

1. Ѝ прилега на сечија фигура, ги крие несовршеностите и во него буквално секоја жена изгледа потенко.

2. Може да се носи во најразлични пригоди, во зависност од обувките и накитот што ќе ги одберете.

Во комбинација со крем сандали, овој стајлинг изгледа многу моќно и луксузно, а Летиција и овој пат заслужила чиста десетка.

Уште еден доказ дека кралицата Летиција е кралица на стилот (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.