Нега на косата – каде грешиме?! 20 нови стратегии за нега, обликување и брз ефект

Практичен прирачник за поубава коса

1 Секој што има тенка и слаба коса стравува од потстрижување. Сепак, потстрижувањето секогаш ја прави косата побујна и погуста. Најважно, потстрижувањето спречува корнење и кинење на косата при чешлање, појава која е резултат на сувите краеви. Редовно потстрижувајте ја!

 

2 Кога се фенирате, почекајте праменот целосно да се излади пред да ја тргнете четката. Сѐ уште топлиот прамен полесно ја губи формата, па со оваа техника ќе имате попостојана фризура.

3 Доколку користите спреј со морска вода за ефект на фризура со брановидни локни, додајте во него неколку капки масло за коса. Благодарение на тоа, косата нема да ја промени текстурата и да стане мат. Спрејот прво напрскајте го на дланките, а потоа нанесете го на косата.

4 Можеби не е најпривлечна работа на светот, но носењето капа од потенок материјал (мрежичка) што се врзува под брадата, додека спиете, е најдобриот начин да ја зачувате фризурата.

5 За да ја израмните косата на тилот, за време на сушењето чешлајте ја со четката нанапред (преку рамениците). Влечењето прави притисок при коренот, а четката што ја користите го забрзува процесот на сушење и исправување.

6 Бојата се задржува подолго на здрава коса. За да го остварите тој услов, барем еднаш неделно користете маска со длабинско дејство.

Специјална формула за ревитализација, Revalid

7 Кога сакате да го зголемите волуменот, косата прво сушете ја на коренот и подигајте ја со прстите. Ако почнете со сушење од врвовите или средината, ќе ја влечете косата со мокар корен и ќе предизвикате спротивен ефект (помал волумен).

8 Уште еден начин да го вратите волуменот: пред спиење, втријте во косата сув шампон (од коренот до врвовите), а потоа соберете ја во кок и така преспијте.

9 Во случај косата да ви се истенчува или да губи волумен, вадењето прамени ќе ги здебели кутикулите и ќе создаде ефект на погуста коса.

10 Додека се туширате, кадравата коса поделете ја во четири дела, спирално навиткајте ги (или сплетете плетенки) и нанесете малку шампон на секој од нив. Со оваа постапка ќе избегнете заплеткување при миењето.

11 Ако целта ви е да го освежите изгледот на кадриците, користете ладно сушење со фен. Насочете ладен млаз воздух од едната страна на другата и поминете низ кадриците со прсти.

12 За совршено коњско опавче, зафрлете ја главата наназад, под агол од 45 степени, и соберете ја косата со четка. Колку е погуста четката, толку косата ќе биде помазна, а опавчето поуредно и елегантно.

13 Доколку се враќате на природната текстура на косата, по долготрајно исправување со преса, најважно е влакното да биде длабоко хидрирано. Употребувајте регенератор што не се измива…

Спреј за расчешлување на заплеткана коса (двофазен) 100мл LAKME

 

14 Кога сакате да избегнете миење на косата, соберете ја во цврст низок кок и втријте малку крем во горните слоеви. Благодарение на ова, косата ќе изгледа уредно, а не мрсно.

15 За креирање совршен кок, најдобро да ја фенирате косата полувлажна или сува, и тоа во насока на посакуваната фризура (на пример со потези нагоре доколку сакате висок кок или опавче).

16 Доколку често употребувате шампон за суво миење, можно е таложење на препаратот во кожата на скалпот, што ќе се одрази на квалитетот и на изгледот на косата. Затоа е добро повремено да направите и пилинг на кожата на главата.

Ампули за згуснување на косата Vichy

17 Доколку за време на виткањето фигарото го завртите од вертикална во хоризонтална положба, кадриците ќе бидат помеки.

18 Кога сакате да постигнете ефект на посуптилни кадрици, фенирајте со поширока тркалезна четка или фигаро, но фиксирајте ги локните со шнола на 10-30 минути.

19 Прскањето на косата со малку вода од шишенце ќе го реактивира дејството на препаратот за стилизирање што сте го употребиле претходниот ден, па не мора наново да нанесувате повеќе слоеви, кои придонесуваат за потешка коса.

20 Стимулирајте го растот на косата со препарати и шампони што се докажано ефикасни за таа намена.

 

ТЕКСТ: НАТАША ЧОВИН

ФOTO: GULIVER/GETTY IMAGES, ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.