Научете како правилно се негува и одржува витканата коса

За здрави и заводливи кадрици

Според резултатите од едно ново истражување, за разлика од правата коса, протеините во витканата коса се побогати со аминокиселините глицин и серин, па токму затоа ѝ е потребна посебна нега за да биде оптимално хидрана, еластична и цврста. Овие трикови на експертите ќе ви помогнат во тоа.

Природно витканата коса суштински се разликува од преостанатите типови коса: посува е, поподложна на оштетувања и полесно пука и се крши. Фоликулите на витканите влакна се со овален облик, поради што во нив потешко навлегуваат природните хидрирачки масла од кожата на главата.

Освен тоа, овој тип коса има поинаква протеинска структура, па затоа обликувањето и негата на влакната не се лесна задача. Од борбата со заплетканите перчиња до дивите и суви врвови, витканата коса е дефинитивно приказна за себе.

Ограничете ја примената на шампон

Витканата коса не би требало да се мие секој ден, бидејќи природно е сува и претераното шампонирање може да придонесе за дополнително сушење и пукање. Доволно е да ја миете двапати неделно, концентрирајќи се на коренот, не на врвовите. По шампонирањето, косата може да се заплетка, па се препорачува примена на спреј-балсам за расчешлување што не се одмива.

Нанесувајте маска за длабинска нега

Балсамите и маските за виткана коса спречуваат плеткање и кинење на влакната. Кога ќе забележите дека косата ви е премногу сува, нанесете хидратантна маска за коса, која треба да дејствува најмалку 15 минути. Се применува двапати неделно.

И хранлив серум!

Ако косата брзо ви се заплеткува, најдобар пријател за вас е хранливиот серум. Се нанесува на влажна или на сува коса, по целата должина на влакната, со што косата веднаш се потхранува и станува помазна.

Скратувајте ја редовно

Витканата коса треба да се скратува секои шест до осум недели. Кога врвовите на косата се тенки и суви, време е да ги скратите за да го подобрите здравјето на своите кадрици. Витканата коса треба да биде кратка или до рамениците.

Ако е подолга, тогаш станува потешка и не е лесно да ја скротите. Исто така, избегнувајте употреба на апарати за обликување што емитуваат топлина – фен, дифузер за обликување, преса за исправување – за да избегнете кинење и пукање на влакната.

Поретко чешлајте ја

Чешлањето е доста агресивно за витканата коса, па најдобро е да ја чешлате додека е влажна, користејќи чешел со широки запци, почнувајќи од врвовите кон коренот.

Наш предлог: шампон за виткана коса KAY PRO CURL 350 мл, кој нежно ја чисти и хидрира кадравата коса, ја скротува и им дава правилна форма на кадриците. Се нанесува на влажна коса, се масира и се плакне. Побарајте го на www.shop.depileve.mk

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.