Лимон – верен помошник на срцето: Тајната на Амосовата паста

Дали знаевте?

Неопходен во лекувањето и спречувањето болести на кардиоваскуларниот систем, богат со витамини и здрави киселини, но несомнено предводи витаминот Ц, кој најмногу се наоѓа во кората од лимонот…

Овој цитрус му е познат на човештвото околу три илјади години, и за сето тоа време неговите својства не го изгубија своето значење. Поради високата содржина на аскорбинска киселина, лимонот е одличен превентивен агенс против скорбут, настинки и вирусни заболувања. Два помали лимони се доволни за дневно внесување витамин Ц. Но него го има повеќе во лушпата отколку во пулпата, па затоа е важно да го јадете лимонот сосе кората!

Лимонот има низа други корисни својства:

  • го смирува нервниот систем (поради дејството на етеричните масла и витамините од групата Б);
  • го нормализира метаболизмот на холестеролот (витамин Ц, киселини, пектин и нерастворливи влакна);
  • ги зајакнува ѕидовите на крвните садови (витамин Ц, рутин);
  • ја зголемува одбраната на организмот (витамини и минерали, вклучувајќи флуор, фосфор, железо, цинк, магнезиум, калиум, калциум).

Ова овошје е незаменливо во лекувањето и спречувањето болести на кардиоваскуларниот систем.

Во случај на стенокардија (ангина пекторис)

Мешавина сокови од два лимона и два листа од алое (постари од три години), со додаток од две чаши мед, му помага на срцето. Се пие по една лажица трипати дневно, пред јадење.

Тајната на Амосовата паста

Академик Николај Амосов, познат руски кардиохирург, им препорачува на сите лимон како секојдневен извор на здравје. Пастата на Амосов има лековита моќ, која може да ја врати нормалната функција на срцето и да го зајакне имунитетот.

Сомелете и соединете по 250 г суви сливи (нечадени), суви кајсии, темно суво грозје, смокви, ореви, природен мед и голем лимон (прелејте го со врела вода, па сомелете го сосе кората, но без семките).

Пијте трипати на ден, по јадење, како превентивно средство против срцеви заболувања. Треба да се ​​чува во стаклен сад во фрижидер.

Го зајакнуваме срцевиот мускул

 На машина за месо сомелете четири големи лимони и тоа ставете го во тегла. Додајте два килограма листови и корен од целер и 200 г лук. Чувајте ја смесата топла околу 12 часа. Потоа ставете ја во фрижидер три дена. Исцедете ја и пијте по една лажица трипати на ден ,15 минути пред оброците.

 Помош за хипертензичари

За луѓето склони на хипертензија, натуропатите препорачуваат диета базирана на тинктура од лимон (ако нема контраиндикации). Тие советуваат три или четири такви денови месечно, со паузи од најмалку два дена по секој – ова ќе помогне за нормализирање на крвниот притисок. На машина за месо сомелете два лимона сосе кората, но без семките, додајте една чаша мед и оставете го тоа да отстои шест дена.

Во деновите предвидени за примена на тинктурата, се консумира само овој пијалак (една-две лажица разредете во чаша вода), рамномерно во текот на денот. Всушност, тоа е ден кога ништо не се јаде, затоа мора да се консултирате со лекар пред да почнете.

Ѝ се спротивставуваме на атеросклерозата

 Оваа смеса ќе ви помогне да ѝ се спротивставите на атеросклерозата: измешајте сок од шест големи лимони со 100 г сечкан лук. Земајте по едно лажиче еднаш на ден, по јадење, и испијте вода потоа. Ова средство помага за растворање на атеросклеротични плаки на ѕидовите на крвните садови, ги зајакнува и ги прави поеластични.

Ја подобруваме состојбата на крвните садови

Ова не е лек, туку вкусно слатко, кое исто така ги зајакнува крвните садови. Сомелете два лимона и два портокала сосе кората. Додајте 50 мл мед, промешајте и ставете го на топло место еден ден. Смесата чувајте ја во фрижидер. Консумирајте по две лажичиња на ден како слатко за чај.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.