Направи сама: Третмани за спречување на опаѓање на косата

Природни решенија

Промената на сезоните за многумина значи опаѓање на косата во поголеми количини, но добрата вест е што тоа може да се спречи со едноставни домашни препарати од нашата кујна.

Причината за опаѓање на косата не е целосно јасна, но сите се согласуваат дека фактори како гените или хормоните се одлучувачки. Кај жените, опаѓањето на косата, покрај сезонското обновување, најчесто е предизвикано од стрес, менопауза и болести на тироидната жлезда.

Третман со коприва за коса и скалп

Варете три лажици свежа или исушена коприва во 5 литри вода додека не зоврие, а потоа покријте и оставете да отстои 15 минути. Исцедете ги лисјата, изладете ја течноста и измијте ја косата. Се препорачува да ја миете косата на овој начин секој ден за да ги видите првите промени по една недела.

Мешавина од есенцијални масла

Направете мешавина од масло од мајчина душица, рузмарин, лаванда и масло од семе од грозје и масирајте го скалпот и коренот на косата еднаш дневно.

Паста од мед и маслиново масло

Измешајте топло маслиново масло, мед и 1 лажичка цимет. Нанесете ја добиената паста на косата, оставете ја да отстои 15 минути, а потоа измијте ја. Повторете го третманот додека не се опорави косата.

Чај од комбуха

Комбуха е печурка чиј чај се препорачува како добар во случај на опаѓање на косата. Чајот влијае на метаболизмот и ја снабдува косата со потребните хранливи материи за да ја зајакне. Пијте чај Комбуха дневно за време на оброците, во период од 6 до 8 недели.

Прочитајте и: Мора да ја испробате оваа маска за бојосана коса: Се прави од 2 состојки, ѝ го враќа сјајот и ја спречува бојата да избледи!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.