Маска за осветлување на косата: Освен подобра боја, ќе добиете и свилена и сјајна коса!

Пробајте!

Косата може да се бојосува и со природни препарати кои освен што ја осветлуваат и ја негуваат

Дали сте знаеле дека косата може да се осветли за дури три нијанси и тоа со цимет? Циметот на косата може да и’ даде сјај и мекост, без да ја оштети.

Најдобри резултати од бојосувањето на косата со цимет можат да почувствуваат дамите со кафеава коса, додека оние со потемна боја на коса ќе мораат да нанесат цимет повеќепати за да ја осветлат косата.

Потребно е: 3 лажици цимет, 3 лажици мед, 5 лажици балсам за коса.

Примена: Измешајте мед и цимет за да се соединат добро, па во смесата додајте балсам. Маската се нанесува на чиста, исушена коса.

Никако немојте да ја нанесувате оваа смеса на коренот на косата за да не го иритирате. По нанесувањето на маската, завиткајте ја косата со пластична фолија, па со пешкир. Тргнете го пешкирот по половина час, а маската нека остане под фолијата на главата уште 4 до 5 часа. На крај, измијте ја со топла вода.

Не заборавајте дека оваа маска е наменета за осветлување на природната боја на коса, а не на фарбаната.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.