Колку пати неделно да се мие косата? Откриваат најдобрите фризери од Њујорк

Професионалците советуваат користење на шампони кои не содржат сулфати (СЛС) бидејќи тие ја сушат косата и влакната и таа многу брзо се масти бидејќи фоликулите почнуваат да произведуваат повеќе маснотии. Иако бројот на миење на косата во текот на неделата не може точно да се утврди со оглед на тоа што сите сме различни постои некое правило – што помалку се мие помалку се мрси -открива Џулијан Фарел реноминиран фризер од Њујорк. Тој вели дека косата помалку се мрси доколку го смалиме користењето на нашите омилени шампони.

https://www.instagram.com/p/BmBdbDBnH1c/?utm_source=ig_embed

“Ако ја миете косата секој ден од вашето влакно ќе се отстрани природното улје, а тоа води до сува и кршлива коса. Препорачувам косата да се мие еднаш до два пати во неделата“ – вели овој фризер.

Неговиот колега Паул Гучинело додава “Ако косата е оштетена од претерана изложеност на високи температури (на пример од пегла за коса и премногу фенирање) тогаш никако не би требало косата да се мие повеќе од два пати неделно. Доколку вежбате и се потите почесто ве советуваме да ја испирате косата со вода ама никако не нанесувајте шампон.  Водата е доволна вашата коса да изгледа чисто.

https://www.instagram.com/p/zDqqh-FKu0/?utm_source=ig_embed

Пробајте да изберете шампон кој одговара на вашиот тип на коса, било да се работи за блага варијанта наменет за вашата фарбана коса или побогат кој ја регенерира вашата коса. Но бирајте шампони кои не содржат сулфати.

Внимавајте и кај нанесувањето на регенераторите-ставајте ги само на врвовите на влакното никако на темето.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.